Драган Бјелогрлиќ со сопругата и со Лепа Брена во Мајами: Пред триесет години се бакнуваа на филм, а сега уживаат заедно на плажа

0

Сопругата на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, Маја многумина ја споредуваат со италијанската актерка Моника Белучи, на која навистина многу потсетува.

Бјелогрлиќ веќе 25 години е во сречен брак со Маја, која ретко се појавува во јавноста.

Многумина му завидуваат на славниот актер поради сопругата, која се’ уште изгледа многу атрактивно, а тоа и не е така чудно, со оглед на фактот дека некогаш била и успешен модел.

Бјлегорлиќ имаат интересна љубовна приказна. Благодарејќи на својата професија, Маја го запознала Драган. Тие двајца се сретнаа на почетокот на деведесеттите на снимање на една реклама за мебел.

Маја студирала англиски јазик и книжевност,но набрзо откако се омажила стави точка на манекенската кариера, па некое време работела како преведувач. Славната двојка има две деца, ќерката Миа и синот Алексеј.

Драган Бјелогрлиќ и неговата сопруга Маја слават 25 години брак, а по тој повод, актерот ја однесе подобрата половина на убаво романтично патување, во Мајами.

Според информациите на „Курир“ брачната двојка веќе неколку дена е во Америка и престојувале во еден од поскапите хотели, каде сместувањето е околу илјада евра на ден. Сместено е на крајбрежјето, има приватна плажа, каде што Бјелогрлиќ можат да уживаат цел ден.

Папараците на „Курир“ успеајале да ги сликаат актерот и неговата сопруга додека се сончаа на лежалките.

Престојот во Флорида го искористија и за да го посетат братот на Маја, Лука, кој живее таму подолго време, но и да се дружат со Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, кои имаат куќа во Мајами.

Четворицата го прославија Денот на вљeубените во едно кафуле во Мајами, а пејачката сподели неколку фотографии и видео на својот Инстаграм профил од дружабата со Бијела и со Маја.

Пред повеќе од три децении, Лепа Брена глумеше во филмот „Хајде да се волимо“, во кој глумеше заедно со Драган Бјелогрлиќ и со Никола Која. Во една од сцените беше предвидено Брена страсно да го бакне Бјела.

– Бидејќи Брена немаше актерско искуство, 1 реков дека правам се што е реално и дека нема никакво мамење и дека мора да го изглумиме тој бакнеж на начинот на кој тоа е направено.

Се сеќавам дека режисерот Станко Црнобрњо викаше:” Стоп, застани, Брено, тоа е малку полесно.

„Таа улога ја сфати сериозно затоа што е сериозна професионалка и во улогата се внесе стопроцентно, но во филмот влезе поблагата верзија на бакнежот, која не беше реална“, рече Драган Бјелогрлиќ.

„Курир“ открива дека Бјела и Маја ќе го продолжат својот одмор во Мексико, каде што ќе ги посетат знаменитостите на таа земја и исто така да уживаат во бројните летни одморалишта.

Папарацо фотографиите од Бијелогрлиќ како ужива на плажа со сопругата, можете да ги погледнете ОВДЕ.

Фото: Инстаграм профили на Лепа Брена и на Драган Бјелогрлиќ

Претходна статијаВесна Бејби лута на градоначалникот на Кисела вода: Да не ви дојдам со лопата
Следна статијаТурунџиева со внукот во раце: Тој е единствениот маж кој ми го зароби срцето