Омилената кај публиката, водителката Александра од „Брза кујна“ прозборе за тоа како ѝ е во улогата на мајка

0

Речиси секогаш, кога ќе се споменат готвачите Марк и Никола од „Брза кујна“, незибежно беше и споменувањето на водителката Александра. Што се однесува до самата водителка, неа секогаш можевме да ја видиме расположена и со позитивна енергија.

Покрај шефовите Марк и Никола, домаќинката на шоуто, водителката Александра Илиевска стана препознатливо и омилено лице на верните гледачи.

Дека се меѓу омилените ТВ лица, покажува интересот на гледачите и тие непосредно да ги запознаат и да готват заедно со маестралните шафови кои секојдневно знаат да не изненадат во своите вешти раце и креативноста.

Александра пак, иако не готвеше, а и не беше многу умешна во тоа, имаше свој посебен шарм со кој пленеше пред камерите и ги освојуваше симпатиите.

Александра Пановска, која неколку години беше водителка на шоуто „Брза кујна“, кариерата ја започна како радиоводител на „Клуб ФМ“, а на телевизиските гледачи им стана позната преку реалното шоу „На иста адреса“.

Но, дојде до промена. Пред околу еден месец, Марк де Јонг, еден од готвачите во шоуто, на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија заедно со неговиот готвач – партнер, Никола Мишковски, но и нова колешка – водителка меѓу нив.

Станува збор за Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24. Водителката Александра Илиевска, на социјалните мрежи интензивно објавува фотографии, на кои може да се види дека е во блажена состојба.

Станува јасно дека таа во моментов паузира од телевизиските аранжмани поради бременоста со првото дете. Александра се породи во јануари годинава, и на свет ја донесе ќерката Сара.

Во текот на бременоста одмараше од работните обврските, а на социјалните мрежи често знаеше да ги изненади своите обожаватели со убави фотографии.

Таа се породи на 23 јануари, а убавата вест со своите следбеници ја сподели неколку дена подоцна, на 30 јануари.

Александра на својот Инстаграм профил сподели фотографија со многу подароци и балони во розова боја, преку кои соопшти дека на 23 јануари на свет го донела своето прво дете – ќерката Сара.

„Соништата навистина се остваруваат. Официјално е! Сара пристигна на 23.01.2021“ – напиша водителката покрај фотографијата. Александра за ммс.мк зборуваше за тоа како ѝ е во улогата на мајка.

– Кога првпат ја видов чувствата и емоциите направија да забоправам на сите породилни болки, и од тој ден знам дека љубовта има ново име- Сара.

Грижата за едно кревко сушстевско ги менува жените на многу прекрасни начини, независно дали станале мајки со природно породување или царски рез, со сурогат мајка или посвојување.

Деновите се различни и што и да планирате се менува бидејќи таа го диктира темпото на денот. Помошта во овој период на пандемија е ограничена и за жал ми помага само мојата свекрва“, изјави водителката.

Таа на Инстаграм објави слика со сопругот и рече дека нејзиниот најмагичен ден е оној кога станала мајка.

Фото: Инстаграм на Александра Илиевска

Претходна статијаОстави ја Цеца и биди со мене: Обожавателка јавно му нуди брак на Богдан
Следна статијаПо мерките кои ги воведе Германија, сега Австрија е приморана да реагира на границата со Италија