Денес е еден од најголемите празници за православните христијани, денес се одбележуваа Бадник, денот пред христијанскиот празник Божиќ, раѓањето на Исус Христос.
Според христијанската традиција, првите гласници на празникот се коледарите, децата кои ја носат веста за доаѓањето на празникот Божиќ, кои в зори тропаат на вратите на домаќинствата, најавувајќи го празникот и за тоа се дарувани.
На Бадник завршуваат Божиќните пости. Христијанските семејства за Бадник се собираат во вечерните часови околу заедничка Бадникова вечера, и според традицијата, оваа вечер не се оди на гости.
Познатиот македонски новинари и водител, Јанко Илковски кој во јавноста е познат како Јанко Јади Бурек попладнево се огласи на социјалните мрежи на темата Бадник.
Популарниот Јанко Јади Бурек на својот профил на фејсбук сподели статус во кој што вели:
-По 6 милијардити пат … Паричка се врти на и само и исклучиво на Василица, во спомен на чудото на Свети Василиј. Крај!
Како традиција го пренесувам веќе 4 генерации од стари скопјани, маџермаалци, кои секогаш, со децении се собиравме кај дедо ми у куќичката. Постарите пиеја ра кија и јадеа пача, јас бутав од прекрасните слатки – василици.
Секако, и погачата, осветена, со паричка и спомнуваме дека ова го правиме во спомен на чудоти на Свети Василиј … и така до полноќ кога си честитавме Нова Година и јас добивав пакетче. Така сум учипен, како што е и по традиција и вера.
Се друго е лична, новокомпонована забава за “млади” кои немаат допирна точка со вера и религија, кои можат и ог-нови да си па-лат и голи да играат околу него, можете да славите и вртите и среде лето.
На Бадник никогаш не било и нема да биде и не може да биде, но тоа не ве спречува да го правите и терате инат со верата и традицијата на вашите предци и Свети Оци.
Само молам прескокнете ме мене, не замерам никому, нека си прави кој како сака, но не ме вовлекувајте и убедувајте во нешто што не е! Се најдобро!