Познатата македонска фолкерка покажа како меси (ФОТО)

0

Еден од најпознатите македонски музички брачни парови, Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица веќе шест години живеат во Мелбурн, Австралија, заедно со двајцата синови, Петар и Стефан.

Принтскрин Фејсбук

„На Водици, 20 јануари 2015, јас, сопругот Новица и двата сина се преселивме во Австралија. Имавме храброст за тоа. Иако во Македонија имавме пристоен живот, ни фалеа уште некои работи за да имаме навистина квалитетен живот“, раскажа фолк-пејачката Татјана Лазаревска при едно интервју.

Принтскрин Фејсбук

Лазаревска откри тогаш дека работи како воспитувач во градинка, а Новица вози училишен автобус.

Принтскрин Фејсбук

„Вистинска причина за тоа што го одбравме Мелбурн е тоа што имаме повеќе пријатели кои ни помогнаа околу адаптацијата, а климата овде е слична на нашата во Македонија. Поточно, на нас не ни е важно каде сме туку со кој сме.

Принтскрин Фејсбук

Генерално, овде во Мелбурн не е толку бурно како во Македонија. Постојано комуницирам со мојата мајка, со нашите блиски и навистина многу сме загрижени. Овде не е така, овде е порелаксирано“.

Принтскрин Фејсбук

И еве сега работам како учиталка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“.

Принтскрин Фејсбук

Со многу труд и посветеност, фолк-двојката успеа да дојде до свој дом во Австралија, лани тие купија куќа во Мелбурн.

Принтскрин Фејсбук

Во куќата уживаат со синовите кои исто така имале голема желба да ја купат токму неа. „Петар и Стефан се веќе големи момчиња. Петар се занимаваа со кошарка, игра за репрезентација на „Викторија“ а Стефан кошарката сѐ уште му е како хоби, заедно со австралискиот фудбал кој многу го сака и постигнува одлични резултати.

Принтскрин Фејсбук

Сѐ на сѐ ние сме едно среќно семејство богато со пријатели и луѓе кои ја сакаат нашата енергија и песна“, рее Татјана за синовите.

Принтскрин Фејсбук

Татјана од својот дом неодамна се вклучи во утринската програма „Ја сакам Македонија“ и истакна дека периодов го поминува во домашна атмосфера со добра музика, филмови, играње на карти.

Принтскрин Фејсбук

Со оглед на временската зона и тоа што Австралија е неколку часа понапред, во домот на Татјана и Новица веќе се прослави Бадник.

Принтскрин Фејсбук

„Еве како одеа подготовките за Бадниковата вечер, мајка ме научила“, напиша Татјана на својот профил на фејсбук.

Претходно Татјана сподели фотографии и исто така напиша:

Принтскрин Фејсбук

„Нека бадниковата вечер избрише се што треба да се заборав, а Божиќното утро нека осветли подарок исполнет од здравје среќа мир и љубов. Паричката е кај Стефан“.

Претходна статијаЕмилија Розман: Сè би дала да можам уште еднаш да ти се качам на глава
Следна статијаНајчевска: Се спротивставувам на графа верска припадност – верата е променлива категорија