(ФОТО) Сашко Коцев доби Пандев фризура – Јанко Јади Бурек го откри

0

Познатиот македонски актер, Сашко Коцев, кој секогаш знае да ја насмее публиката и своите следбеници на социјалните мрежи, е омилен на многумина.

Принтскрин фејсбук

Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи. Вели дека не му е проблем да ги координира чувањето на Јоана и креативниот процес.

Принтскрин фејсбук

–Го користам секој момент за творење и чување. Тоа е комбинација на нишање за заспивање и пишување некој текст во главата… потоа мавтање со играчката, истовремено поминување текст за вечерашната претстава или, пак, топлење млеко и правење план во главата за утрешната проба“, изјави Коцев во една прилика

Принтскрин јутјуб

Театарот е негова прва љубов уште од детство. Прв пат на сцена се нашол во второ одделение, како дел од училишната програма за патронат, каде заедно со свој другар подготвуваат една интересна точка што присутните во салата ги остава без зборови и изненадени.

Принтскрин јутјуб

„И после нормално веќе немаше патронат без мене, во средно во сите патронати и претстави за што се правеа играв главни улоги, а во театар играв како младинец.

Принтскрин јутјуб

Во професионалните претстави, актерите ми беа мошне наклонети, и сакам да изразам голема благодарност за поддршката, и професионалниот пристап на работата кој го осознав на даските што живот значат во Кумановски теата.

Принтскрин јутјуб

Сашко Коцев е добар пријател со познатиот македонски водител, Јанко Илковски или во јавноста познат под уметничкото име Јанко Јади Бурек.

Принтскрин фејсбук

Јанко зад себе има богата новинарска кариера како новинар на радио Канал 103, водител на емисијата „Пладневен гневник“ на Радио Рос, водител на емисијата „Гутенбергова галаксија“ на ТВ 4, како и водител и музички уредник во радијата: Клуб ФМ, Топ ФМ и Радио Слободна Македонија.

Принтскрин јутјуб

Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.

Принтскрин јутјуб

Јанко е мошне активен на социјалните мрежи, па така беше и денес кога сподели фотка со Сашко Коцев на фејсбук и притоа напиша:

Принтскрин јутјуб

Со леџендарниот Сашко Коцев кај фризерскиот патријарх Игор Говорко. Сашко доби Пандев фризура, јас тасмапилација плус антисељачки пакет за освежуење – бонус виц од Сашко Коцев кој можам само во живо во емисија да го кажам.

Принтскрин фејсбук
Претходна статијаКаде е и што прави згодната водителка Здравкица
Следна статија(ФОТО) Дарко Лазиќ покажа како ја лечи тагата по загубата на татко му