Братот Љубе ужива – објави фотки со Здравко Чолиќ и Аки Рахимовски

0

Љубе Бошкоски, познатиот македонски политичар и поранешен министер за внатрешни работи поседува свој имот во Ровињ – Хрватска.

Вилата Лав на семејството Бошкоски постои од 1990 година и е познато место во приморското село Бале, во близина на Ровињ, каде се нуди храна приготвена според традиционални домашни рецепти.

На менито на ресторан Лав се наоѓаат специјалитети како тавче гравче, македонска тава, домашен леб под вршник, патка под вршник, јагнешко, плескавици, увијачи, риба на жа р и друго.

Вилата Лав нуди десет соби за сместување, а комплексот е познат и како одлична локација за венчавки. Најчесто венчавките се организирале покрај базен, и една од најкоментираните во јавност беше венчавката на хрватската музичка ѕвезда Северина со нејзиниот избраник Игор Којиќ во 2015 година.

Познатиот македонски готвач, Цветанче Тодоровски, кој минатата есен имавме можност да го видиме и како учесник на Интернационален “Гастро-МАК“ во Охрид кај Адријана Алачка, деновиве од Јадранско Море на својот ФБ сподели една многу интересна фотографија која предизвика љубопитност (најмногу кај новинарите).

А, на фотографијата се познати до најпознати. Цветанче се најде во друштвото на мега популарниот пејач Здравко Чолиќ и нашите Аки Рахимовски исто така популарен пејач од групата “Парни ваљак“, како и македонскиот политичар и бизнисмен Љубе Бошковски.

Сите на едно место, а местото е Бале, мало туристичко егзотично село на Јадранскиот полустров Истра, каде Љубе со семејството има прекрасна вила “Лав“ во која успешно и пред да стане политичар, направи успех во туризам и угостителство.

Ми беше чест и задоволство што ги запознав овие прекрасни луѓе, се надевам дека им се допадна јадењето од мојата кујна – порача во својата објава Тодоровски.

Претходна статијаФилипче го објави дневниот биланс и соопшти важна одлука за вработените
Следна статијаЗаев: Грозно е да се гледа фрустрацијата на опозицијата што не се на власт