Заев за првпат го искоментира Максим Димитриевски: Тој ми е другар, сопартиец но законот важи за сите

0

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави денеска дека мора да бидат одговорни кон државата и да го прифатат првиот момент за избори, а најоптимално, тоа би било во средината на јуни.

Тој потврди дека ќе оди на најавената лидерска средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, иако сè уште не добил покана.

„Ќе побараме на лидерската средба да се слушнат сериозните аргументи на институциите. Ако има олабавување на мерките, ќе бараме веднаш да се оди на избори“, рече Заев.

Според него, дефинитивно треба да се фати моментот кога ќе биде дефиниран датумот за избори. Додаде дека ќе ја почекаат утрешната одлука на Уставниот суд во однос на постапката за Собранието.

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, вечерва на телевизија 24 се осврна на можните кадровски грешки кои досега ги направил и оргадувањето од кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Сите учиме лекции. Има луѓе кои се одлични. Има луѓе со капацитет, а не се работливи, но има и такви кои се работливи, а немаат капацитет. Во текот на овие години видов со кои луѓе имам работа.

Се оградивме од Максим Димитриевски, бидејќи беше изречена санкција, а тој не ја почитуваше. Поради тоа што добил санкци, ова било режимска власт. Законот мора да важи за сите. Тој ми е другар, сопартиец но законот важи за сите. Ако Заев и Мицкоски биле дома во самоизолација, Максим не почитувал самоизолација.

Одговорноста е голема и треба да се биде пример. Министерот не информираше како треба да постапиме во случајот кога добивме решение за самоизолација и тоа има казна и санкција и ние почитувавме. Владата се грижи за Куманово исто како што Максим Димитриевски се грижи за Куманово.

Со изјавите кои ги дава ги напаѓа одлуките на Централниот комитет на СДСМ. Ние сме ги изградите нашите ставови, а денеска тој да зборува за други ставови не е во ред, рече Заев.

За тоа дали Димитриевски ќе има шанса за втор мандат, рече дека за тоа одлучуваат анкетите.

Претходна статијаЗоран Заев јавно кажа зошто сака да има избори во првиот можен рок: Велат може да има следен пик во септември
Следна статијаМиленко Неделковски: Кај мене нема Кики-Фрики, имам прашање за Дан Дончев