Видеото кое ја ,,стопи” Македонија – украденото куче кое една година го бореа е вратено кај сопственичката

0

Изминатите денови на социјалните мрежи се продаваше за 100 евра за борење, а веќе денес, со помош на активистите за заштита на животните, се гали и се радува во рацете на својата старо-нова сопственичка, на која ѝ била украдена пред една година.

Младата Бамби, куче пит бул, имаше турбулентни неколку денови, а уште потурбулентна и потажна година.

Првата слика од неа осамна пред неколку денови на социјалните мрежи – врзана за ланец и прикажана како „роба“ која се продава. Фотографијата од огласот се вртеше на социјалните мрежи, а активистите бараа каз ни за огласувачот, бидејќи борбите со кучиња се забранети со закон.

Здружението „Шепасти ентузијасти“ реши да го откупи пит булот од огласувачот за сто евра, за да го спаси и да му даде втора, нова шанса за живот. И покрај тоа што пит-булите во јавноста се перцепираат како „опасни“ кучиња, младата Бамби мирно си влегла во автомобилот на активистите од здружението, како да знаела дека се ослободува од минатиот живот, каде во импровизирани рингови, незаконски, се организираат борби со кучиња и на сметка на тоа се вртат илјадници евра на кладби.

Здружението „Шепасти ентузијасти“ го однело кучето на ветеринар кој увидел дека има чип, што значело дека може да се лоцира неговиот вистински газда. Чипот покажал дека сопственичка на Бамби е девојка од Скопје, а кучето ѝ било украдено од дворот пред точно една година.

Кога ѝ се јавиле да ѝ кажат дека нејзиниот миленик е жив и дека може да дојде да си го земе, таа веднаш дотрчала. Средбата што ја имаат сопственичката и нејзиниот миленик, по една година, не може да се опише со зборови. Од „Шепасти ентузијасти“ велат дека биле потребни само триесетина секунди, за кучето да си ја познае својата сопственичка.

„Активизмот некогаш не тера да правиме работи кои и не се баш безбедни, но крајното чувство е награда за сѐ! Случајот со Бамби дефинитивно ќе го памтиме засекогаш, баш затоа што ваквите случаи ретко кога имаат позитивен крај. Сите ние знаеме колку е бавна правдата во поглед на пријавување на ваквите случаи, а и нивната разрешница.

Ова е само една битка во која успеавме да извојуваме победа, но дефинитивно војната треба да ја водат надлежните органи. Овој и сите вакви случаи ќе бидат пријавувани од наша страна се додека ваквите луѓе не го добијат она што го заслужуваат.

Апелираме до надележните институции да не ги игнорираат ваквите пријави и итно да постапуваат согласно позитивните законски прописи“, велат од Здружението „Шепасти ентузијасти“, кои најавуваат дека ќе поднесат пријава против лицето кое го борело и продавало кучето. Бамби од вчера веќе е во својот старо-нов дом.

Публикувахте от Шепасти Ентузијасти – Pawsome Enthusiasts в Четвъртък, 7 май 2020 г.

Извор: А1он

Претходна статијаПодготвен прирачник – конобарите во кафаните ќе треба да носат гумени чизми, ракавици и водонепропустливи престилки
Следна статијаВМРО-ДПМНЕ му се заблагодарува на Заев за ,,петардата” која ја пушти