К-15 беше многу популарно македонско хумористично телевизиско шоу кое започнало во средината на 1990-тите години и претежно е во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечови на македонски јазик.
К-15 како термин се користи и за други проекти, не само во контекст на хумористичните тв серии туку и било кој друг настап на познатата група, како на пример песните од Дуо Трио, рекламите кои тие ги снимаат или гостувањето во други емисии и филмови како Балканкан.
К-15 е основано и оргинално го сочинуваат Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавуваат и други глумци. Тројцата основачи се исто така и дел од сценаристите и режисерите.
Цацко Конопишки (Бубо Каров) е еден од трите најкаракеристични и најпопуларни ликови особено популарен на почетоците на К-15.
Цацко потекнува од Конопиште, Кавадаречко (како и Бубо Каров кој е од Кавадарци) и често зборува со специфичен Кавадаречки дијалект за дополнителен хумористичен ефект на неговите реплики.
Како најлесно да се избориме против вирусот Ковид-19, знае Бубо Каров. Еден од начините на познатот комичар е дека коронавирусот ќе го снема ако ставиме долна облека на главата, а ќе се заштитиме со маска направена од пластично шише.
Ова е дел од муабетот на Бубо и на Жаре во новата „Еден на Еден“ наречена „Скараџиска“, која ќе се емитува на во недела, на „Канал 5“ од 18:30 часот.
Екипата на „Еден на Еден“ подготови специјална провомајска емисија, снимена во отвореното студио, во излетничка атмосфера. Жаре цело време ќе врти скара, а гостин му е актерот Гораст Цветковски.
Додека Жаре прави бургери и Гораст ќе се пофали со својот специјален кулинарски рецепт и со уште многу интересни муабети.
Погледнете ја најавата за Еден на Еден „Скараџиска“.