(ВИДЕО) Ситуацијата стивнува, а крај Инфективна клиника никна нова монтажна болница

0

Иако се чини дека епидемијата со Корона вирус стивнува, а вчера за првпат не беше примен нов пациент на Инфективна клиника во Скопје, сепак покрај нејзе никна уште една, втора монтажна болница.

Министерството за здравство непосредно до Инфективната клиника во Скопје во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје го расчисти теренот од стари, диво – вселени објекти, со што се овозможи инфраструктурно уредување и функционално користење на просторот од околу 4.000 м2.

Со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада во Македонија, Министерството за здравство набави и постави „монтажни модули“, со корисна површина од повеќе од 1.000 м2.

За ова информираше Венко Филипче кој сподели видео од тоа како течеше нејзиното подигање и инсталирање:

Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница до инфективната клиника. За најкраток временски рок ги дуплиравме капациентите на установата и овозможивме простории за болнички кревети, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци.

Целата оваа структура ја поврзавме со „топла врска“ со зградата на инфективната клиника, а во периодот кој следува ќе ја доопремиме и со потребната немедицинска опрема. Ја амортизираме евентуалната оптеретеност на Клиниката и даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита од коронавирус.

Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница

Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница до инфективната клиника. За најкраток временски рок ги дуплиравме капациентите на установата и овозможивме простории за болнички кревети, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци. Целата оваа структура ја поврзавме со „топла врска“ со зградата на инфективната клиника, а во периодот кој следува ќе ја доопремиме и со потребната немедицинска опрема. Ја амортизираме евентуалната оптеретеност на Клиниката и даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита од коронавирус.

Публикувахте от Венко Филипче в Неделя, 3 май 2020 г.

Како што е познато претходно во соработката на Министерството за одбрана и Армијата со Министерството за здравство и Град Скопје беше поставена армиската мобилна болница „Role 2“ која Армијата ја подигна за проширување на капацитетите на Инфективната клиника која го згрижува заболените граѓани од COVID-19.

Претходна статијаЈоци: Веќе 40 години, ја не сум видела некој да вее ,,кутлеши” во моја близина
Следна статијаУбава неделна вест: На една рака може да се избројат новите случаи на Корона во Македонија