(ВИДЕО) Грчките плaжи започнаа да се полнaт – Македонците ќе ги видат ли летово

0

Тест за Ковид-19 направен до 72 часа пред полетувањето за Грција; во авионите од, кон и во Грција нема да има празни седишта меѓу патниците; заминување од земјата без ново тестирање; „хотел карантин“ во секој туристички регион во случај да се појави позитивен случај, се дел од деталите од предлог-протоколите на Министерството за туризам на Грција, кои министерот Харис Теохарис ги претставил, говорејќи на видеоконференциски настан со претставници на подмладокот на Нова демократија.

Сепак, не станува збор за конечната верзија на здравствените протоколи, кои што се изработени во соработка со експертската комисија за заразни болести од Министерството за здравство на Грција, туку се предлози на Министерството за туризам доставени до туристичките организации, федерации и здруженија во Грција, кои можат да дадат нивни коментари, предлози и слично и мерките да претрпат промени, за до крајот на следната седмица да бидат финализирани, а конечниот збор ќе го има грчкиот премиер.

Според она што го открил министерот за туризам, за еден странски турист, авионски да пристигне во Грција, ќе треба најдоцна во последните 72 часа пред патувањето да има потврда дека не е заразен со новиот коронавирус, а без негативен тест нема да може да се качи во авион.

Додека пак, по завршувањето на одморот, туристите ќе заминуваат без никаква контрола, за да не мора, во случај тестот да е позитивен, да бидат во карантин во Грција.

Откако во Грција се укинаа рecтрикциите и зaбрaните за движење поради Ковид-19 капачите ги наполнија плажите во Атина.

Во Грција високите температури и убавото време ги натера Грците да ги нaпуштат своите домови и да уживаат на плажа, каде не се почитуваше социјалната дистанца, иако таа се уште е една од препорачаните мерки поради пандемијата од Ковид-19.

Плажата на грчкото езеро Вуљагмени, како и плажите Кавури и Глифади се преплавени од млади и семејни луѓе со мали деца, а температурата викендов во Атина се очекува да достигне и до 35 степени, така што се очекува уште поголем број на луѓе да ги наполнат плажите.

Претходна статијаБаба Добрила (93): Корона ништо не ми може – рече и запеа на сред Дојран (ВИДЕО)
Следна статијаДржава во која живеат многу Македонци меѓу Топ 3 европски земји кои најдобро се справуваат со Корона