Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го честиташе Денот на македонската полиција, со посебна благодарност до сите оние кои во првите редови се справуваат со пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Ова видео е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите оние кои се во првите редови во справувањето со пандемијата од коронавирусот.
Ви благодариме за секоја минута и секој час поминат на вашите работни места. Неизмерно сме ви благодарни за сета посветеност и за сите жр тви кои ги давате секојдневно во борбата против оваа пандемија.
Сите заедно сплотени сме на само чекор од совладувањето на еден од поголемите предизвици со кои се соочило човештвото досега. Нека е честит Денот на македонската полицијa!, напиша Чулев на Фејсбук.
Во денешно интервју за порталот Фактор кажа дека неговата лична перцепција е дека Владата на своја рака решава прашања чие решавање не е неопходно во услови на вонредна состојба и таквиот однос во предизборниот период пред сѐ ги поткопува темелите на демократијата, а може негативно да влијае на многу работи, вели техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
„Поставеноста на улогите во целиот систем на практикување на власта многу често е подложен на злоупотреби кои во предизборниот период се многу поголеми и може да влијаат на изборниот резултат. Во минатото бевме сведоци на чести злоупотреби направени токму за таа намена, а за жал овие денови тие се случуваат не така ретко“, вели Чулев.
Од друга страна, тој оценува дека моделот на пржинска влада, како механизам со кој се врши контрола на работењето на функционерите во врска со трошењето на народните пари, иако не е идеален и треба да се преформулира во согласност од сите политички чинители во државата, е добар и може да има позитивен импакт врз демократските процеси во државата.
Ова видео е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите оние кои се во првите редови во справувањето со пандемијата од коронавирусот. Ви благодариме за секоја минута и секој час поминат на вашите работни места. Неизмерно сме ви благодарни за сета посветеност и за сите жртви кои ги давате секојдневно во борбата против оваа пандемија. Сите заедно сплотени сме на само чекор од совладувањето на еден од поголемите предизвици со кои се соочило човештвото досега. Нека е честит Денот на македонската полицијa! 🇲🇰 🇲🇰
Публикувахте от Наќе Чулев в Четвъртък, 7 май 2020 г.
Чулев ги критикува и одлуките на Комисијата за заразни болести за кои вели дека со тек на време добиле политичка димензија, особено со актуализирање на прашањето за избори.