Министерот за здравство, Венко Филипче утрово на Фејсбук им го честиташе Светскиот ден на медицинските сестри и им заблагодарува за нивниот ангажман, особено во периодот на борба со коронавирусот.
Медицинските сестри се грижат за сите во светот. Во изминатиот период нивната работа беше уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот што го вложија.
На Меѓународниот ден на медицинските сестри оддаваме почит за сите што застанаа во првите борбени редови против коронавирусот, напиша Филипче на Фејсбук.
Попладнево, Филипче одржа прес-конференција на која ги соопшти најновите податоци поврзани со корона вирусот на територијата на нашата држава.
„Денес имаме 5 оздравени пациенти кои се од Скопје и Неготино. Имаме 10 нови случаи со Корона вирус од кои во Скопје 6, Куманово 2, и Прилеп и Велес по 1 ново случај. На инфективна за жал имаме и еден по чинат пациент на 60-години од Делчево кој имал претходно здравствени проблеми“, изјави Филипче и додаде:
„Од утре започнува скринингот на оние ризични категории, ќе почнеме со вработените во градиниките кои ги има близу 2000 лица.
„Намалувањето на мерките е согласно на повеќе критериуми. Оваа недела предлагаме да се отворат центрите за обука, за семинари, авто школи, спортски тренинзи за индивидуалци, обложувалници и други установи со шалтер систем. Веќе од следната недела по епидемиилошката анализа и следењето на ситуацијата е планирано да се отворат угостителските објекти со послужување. Тоа значи постепено го враќаме животот во нормала.
Како што кажа тој, предлогот е донесен од страна на комисијата за заштита од заразни болести, врз основа на повеќе параметри кои го овозможуваат таквиот чекор.
Предлогот на Комисијата, преку Министерството за здравство ќе биде доставен до Владата.
Почитувани граѓани ве уверувам дека може да бидете спокојни. Апелирам сите да се придржуваат до протоколите што ќе биде предуслов за понатамошно целосно отварање на сите дејности.