Ванковска за полагањето испити на +30 степени: Ќе треба со локум да ги молиме да дојдат

0

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“ во Скооје побара да почнат подготовки за реализиација на јунската и септемвриската испитна сесија со физичко присуство на студентите. Студентите како аргумент посочуваат дека мерките за спречување на ширењето на коронавирусот се релаксираат, а бројот на заболени се намалува.

– Оттука сметаме дека ќе има услови за организирање испитна сесија со физичко присуство на студентите. Иако опасноста е намалена, сепак постои. Затоа сметаме дека Универзитетот и факултетите треба навремено да започнат со организирање на сесиите, за да се минимизира опасноста и би се избегнал хаосот кој ќе настане доколку неспремни влеземе во спроведување на испитната сесија – соопшти УСС-УКИМ.

Тие ги предложија следните чекори во насока на организирање на испитната сесија:

– Продолжување на времетраењето на јунската и септемвриската сесија, и тоа:

a. Јунската сесија да се продолжи и да трае најмалку од 1 jуни до 14 jули;

б. Септемвриската сесија да се продолжи и да трае најмалку од 17 aвгуст до 25 sептември;

– Оставање можност за повеќекратно полагање во една сесија, т.е. можност студентот да го полага предметот и втор пат во истата сесија, доколку не го положи првиот пат;

– Електронско пријавување на испитите;

– Полагање во повеќе термини во мали групи кои овозможуваат одржување дистанца од најмалку 2 метрa меѓу студентите, или организирање испити на отворено за големите групи;

– Задолжително носење маска во просториите на факултетите;

– Поставување средства за дезинфекција во сите амфитеатри и на влезовите на факултетите;

– Организирање на бифеата на факултетите преку шалтерски систем, без можност за седење;

По повод оваа тема, со своја реакција се јави професорката Билјана Ванковска:

Каков нонсенс! Во време на пандемија студентите оценуваат епидемиолошка состојба, па уште и наложуваат услови! Тоа е аматеризам и хаос, а не универзитетска автономија! Нека ми објаснат зошто морам да им давам пивеќекратно полагање (додека не положат?) во иста сесија кога досега не изгубиле ниту една?

Убаво што внимаваат на ризиците, ама ги знаат ли просторните можности на факултетите!? И здравствениот ризик за старите професори? И да полагале во мали групи.., а пто не се појавуваат на испити?

Ќе треба со локум да ги молиме да дојдат. И ќе видам како ќе изведуваме испити на +30 С со забрана за употреба на клими, а тие начичкани во ходниците пред предавалните.

Претходна статијаЧепреганов: Бугарија не не успеја да докаже дека во Македонија навистина живеат Бугари
Следна статијаПознатата светска авиокомпанија со голем потег: Дава 100.000 бесплатни авио билети за медицински лица