УЈП денес излезе со важна информација за сите они кои скенираат сметки

0

Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната.

Во ова прво тримесечје од годината скенирани се 49,946,278 фискални сметки, направен е промет во износ 21,957,355,689 денари со вкупен ДДВ од 2,292,026,352 денари.

Вкупниот број на регистрирани корисници до 31.03.2020 година на апликацијата МојДДВ е 279,498. Повратот за ова тримесечје изнесува 343,803,953 денари односно 5,590,000 ЕУР. За донирање на својот поврат за ова тримесечје јан-март се изјасниле 8700 граѓани.

Исплатата се врши во неколку етапи и истата ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки, и доколку има грешки во истите, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

Пред неколку дена беше објавено дека ѓраѓаните што по грешка стиснале донирај на ДДВ сега бараат УЈП да им ги врати парите назад. Над 8000 донирале, а повеќе од 35 .000 се изјасниле дека сакаат да го земат повратокот на ДДВ што им следува.

Од ДДВ –то на граѓаните кои скенираат фискални сметки во Фондот за справување со КОВИД – 19 се слеале близу 155 илјади евра. Сепак бројот на оние кои не сакале да донираат, е за четири пати поголем отколку оние на што се решиле да повратокот на ДДВ да го дадат за борба против корона вирусот. Луѓето кои ги сретнавме со различни одговори

Но, до УЈП пристигнале мејлови од граѓани кои погрешно и ненамерно притиснале опција донирај и бараат парите да им бидат исплатени на сметка. Од УЈП пак немаат точна бројка за колку корисници станува збор. Директорката Лукаревска вели парите ќе им бидат исплатени во најкус можен рок.

– За нив дополнително, во најкраток можен рок ќе известиме за начинот за исплата . Тоа беше поставено доброволно и им благодарамна сите што донираа, вели Сања Лукаревска директорка на УЈП

Претходна статијаВест која сигурно ќе израдува многу Македонци: Нашиот сосед од 1. јуни ги отвара границите
Следна статијаДоктор Кленкоски: Јас претпоставував дека овој народ е неблагодарен, самобендисан, покварен, но до ваков висок степен не верував