Поради добро познатата ситуација со пандемијата од корона вирусот, безмалку целиот свет е парализиран, а поради тоа на удар е и економијата со што финансиските проблеми од ден на ден се зголемуваат.
Како што е познато, границите на Македонија како и аеродромите се затворени, а така е и со многу држави во светот.
Многу македоски печалбари, особено сезонците и тоа како се погодени со оглед на тоа што беа приморани да се вратат, а сега во блиска иднина нема да можат повторно да заминат на работа. Ова е сериозен проблем за нивниот џеб со оглед на тоа што ќе останат без планирани финансии.
Онаа категорија македонски граѓани кои и тоа како се погодени и се веќе во загуба се студентите. Тие веќе извесен период се дома и наставата ја следат онлајн. Но има и други проблеми, поголеми.
Имено многу студенти се жалат дека стипендиите доцнат, а оние кои добиле некоја рата е нецелосна. Но сега ги очекува и друг проблем.
Добро познато е дека летниот период многу студенти од Македонија го поминуваат на работа во странство. Преку „Ворк енд травел“ пред сè заминуваат за САД и Германија.
Но како што стојата работите засега, тешко, речиси без шанси се летово да заминат на работа преку границите. Една од причините е што обемот на работа и тоа како е намален, а друго е што кон САД нема летови од Европа, а и Германија се уште е со рестрикции.
Студентите веќе уплатија пари на агенциите и посредниците кои се чини тешко дека ќе им бидат вратени, со што веќе се во загуба.
Кога ќе се додаде дека за работа во странство, студентите заработуваа од 2000 до 8000 долари (оние кои се во САД), се доаѓа до општа констатација дека студентите и тоа како ќе бидат погодени.
Автор: С.С.