Познатата водителка на утринските контактни емисии, Јелена Спенџарска, изминатиот период е особено активна на социјалните мрежи, каде ги искажува своите емоции и секојдневни случувања. Издвојуваме неколку:
,,Зошто да бидеш ист како другите?! Кога за прв пат сфатив дека се што ти се случува во животот- сам си го создаваш, прва работа што ме збуни беше фактот што јас никогаш не си посакав група на луѓе кои нема да ме сакаат или нема да можат да ме поднесат.
Ама денеска, кога гледам колку среќно и креативно човече ме направи токму таа група , ми иде да си ги соберам сите заедно во диско, да се забавуваат, да се дружат и да пијат цела вечер на моја сметка.
Нека ни се живи и здрави сите наши хејтери (ова од срце го кажувам) и само нека не туркаат напред…. наше е да бидеме таму каде што не носат- НАПРЕД ! Ние, за разлика од нив, јавно ќе ги САКАМЕ, сега и засекогаш-АМИН! Ве сакам сите! Подобри не можев да ве имам.”
,,Листа на ср*ња кои треба да ги трпите од другите луѓе:
1. НИШТО! Извинете на изразот ама подобро не можеше да се вклопи. Туѓото мислење вас не ве храни, не ве облекува, не е тука кога ви е лошо. Зашто тогаш се потпирате на нешто што нема никакво значење за вас? Мислење денес има секој, а сигурна сум дека СЕКОЈ и не ви е баш нешто во животот…ако бидеме реални.”
Сепак, најголемиот нејзин сон е поврзан со министерот за здравство Венко Филипче, од една причина! Таа го чека денот кога Филипче ќе излезе на прес конференција и ќе го каже ова:
,,ЈАС – денот кога ќе излезе Филипче на прес и ќе каже дека КОРОНА веќе нема никој, карантинот конечно завршува и од утре може слободно да си се вратиме на сите нормалн активности ! I’M soooooo READY за тоа УТРЕ .”