Шилегов: За ДПМНЕ многу имам кажано и ќе кажувам – и тоа ги боли

0

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

За ДПМНЕ многу имам кажано (и ќе кажувам). Небулозите и надвор од здравиот разум тврдења, од секогаш биле нивна карактеристика.

Но, јас сум убеден дека граѓаните на Скопје и тоа како добро ја знаат и гледаат разликата. И тоа ги боли.

Лагите, клеветите, креирањето лажни вести, извитоперувањето на вистината, секогаш биле нивна карактристика.

Ама оставете ги, они нека си продолжат со своите глупости. Јас ќе продолжам заедно со Вас почитувани граѓани, да го движам градот во правец посакуван од сите нас.

За подобро Скопје. За Скопје кое што е нашиот голем, заеднички дом. За една поинаква, различна од минатото, приказна за нашиот град.

#Скопје
#ЧекорПоЧекор

РЕАКЦИЈА

Со големо жалење мораме да констатираме дека ВМРО ДПМНЕ и нивната советничка група во Град Скопје не знаат да разликуваат основни работи (тревник од плочник), па од тие причини излегуваат на прес-конференции со небулозни тврдења.

Со ова уште еднаш ја известуваме јавноста, а истовремено го демантираме небулозното тврдење на ВМРО ДПМНЕ, дека не тревата, туку поплочувањето и уредувањето на јавниот простор на излезот од ГТЦ до Плоштад Македонија, поплочувањето и уредувањето на јавниот простор од Плоштад Македонија кон Собрание на РСМ, заедно со урбаната опрема што се состои од клупи, канти за отпадоци, целосно ново осветлување на овој простор (канделабри), како и дрворед составен од 25 дрвја е тоа што чини 33 милиони денари со вклучен ДДВ.

Се што е направено на терен и потрошена сума, впрочем, беше и претходно најавено на прес-конференцијата што се одржа на 30 септември 2019 година.

Впрочем, граѓаните на Скопје секојдневно овој простори го гледаат и го користат. Тоа што му пречи на ВМРО ДПМНЕ е фактот што граѓаните го одобруваат вака уредениот простор, но и уживаат во него, при тоа правејќи споредба што значи квалитет на јавен простор сега, а што и какво беше лудилото со јавниот простор во минатото.

Времето кога граѓаните за 3 врби во реката Вардар плаќаа 220 илјади евра е одамна поминато. Тоа на сите им е јасно. Јасно му е и на ВМРО ДПМНЕ, па токму заради таа своја немоќ се служат со лаги и невистинити небулози.

Граѓаните на Скопје препознаваат дека овој градоначалник за само 2 и пол години покажа дека може да се биде различен. Да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните, да се биде транспарентен, отворен, а истовремено и штедлив при работењето со јавните пари.

Убедени сме дека сите (а особено ВМРО ДПМНЕ) се свесни дека се тотални аутсајдери во Град Скопје. Ние ќе продолжиме чекор по чекор да ги решаваме наталожени проблеми останати од нивното лудило, а тие слободно можат да продолжат да се занимаваат со небулози, лаги и да креираат лажни вести.

Претходна статијаВанковска: Ова е таква манипулација што немам зборови – ова е ненормално време за избори по повеќе основи
Следна статијаСашо Тасевски: Филипче, прими сочувство