Поради вонредната ситуација во нашата држава многу нешта се промените, поради што многумина се приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат. Таков е и примерот на Боби Додевски, вработен во МВР кој својот проблем го раскажа во најновата емисија на Код која се емитува на Телма ТВ.
Една линија долга над 60 километри. Тоа е службениот пат на полицаецот Боби Додевски. Одење на работно место. Живее во Скопје, но работи во граничната полициска станица Белановце.
Секојдневната рутина сега му ја смени вонредната состојба и корона епидемијата. Па мора да оди на работа пеш. Се најдовме кај Маџари, дотука стига со градски автобус на ЈСП и оттука главно продолжува пешки или ако има среќа со автостоп.
Кога првпат ја слушнавме приказната повеќе ни личеше на скеч, а Додевски покрај полициската задача снима и хумористични скечеви во емисија на кумановска телевизија.
Но не беше виц, туку реалност. На пат кон Белановце и Куманово, тој често се снаоѓа со авто-стоп. А тоа е ризик и за него, но и за цела полициска смена.
Логичното прашање е зошто не реагирал во МВР, знаат ли дека нивен вработен патува со нозе до работното место зашто нема автобуси и возови до Куманово.
Додевски вели дека како Кумановец од февруари почнал да живее во Скопје под кирија со партнерката која е во ризична бременост. Ковид 19 ги крати првин автобуските линии, а тој бара или да го преместат во Скопје каде живее и за што има потпишан договор за кирија или да работи 24 часовна смена на Белановце да избегне пешачење и авто-стоп.
Во МВР се обративме пред први мај и поради празниците ни соопштија дека наводите на полиацецит Додевски ќе ни бидат одговорени после викендот. За случајот знаат и два синдикати чиј член е Додевски.
Од полицискиот синдикат ни рекоа дека е разговарано во случајот и веќе има решение кое наредните денови ќе биде реализирано и потпишано.
Од Независниот полициски синдикат пак велат дека проблемот не е во граничната полиција туку во врвот на МВР каде не го решаваат проблемот. Решението кое досега од структурите на МВР му е понудено на Додевски е следното.
Целата сторија со виде прилог проследете ја на Код.