Корона вируост го зеде и првиот живот на здравствен работник во Македонија

0

Венко Филипче во вчерашниот пресек на ситуацијата со Корона вирусот во дневниот извештја на Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.

По чинаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби поч ина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ поч ина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.

Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на поч инати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

Направените 560 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со PCR метода -60 и МАНУ -111. Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Денес ни пристигна една неповолна вест која вели дека Корона вирусот во Македонија го зеде и првиот човечки живот на здравствен работник.

Поч ина и првиот здравствен работник од Ковид 19, информираа од Фармацевтската комора. Станува збор за фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга.

Според информациите од Фармацевтската комора, тој се зар азил извршувајќи ги своите професионални должности, односно додека пружал здравствена заштита на своето работно место, во аптека. Тој по чинал на скопската Инфективна клиника.

Претходна статијаСамо еден континент се спаси од Корона вирусот – познато како и успеа тоа
Следна статијаСите зборуваат за невестата на Сулејман Реџепи, но која е Емине