Во емисијата „Хит твит“ која се емитува на „Пинк“ гости беа Жељко Митровиќ, Чедо Јовановиќ, докторката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Тема во емисијата беше пандемијата и се уште присутната опасност од коронавирусот. Водителката на почетокот ги поздрави гостите, па се обрати на Цеца.
„Госпоѓо Ражнатовиќ дали тешко ви падна изолацијата“ праша водителката.
„Претходната власт ме истренира, ме затвараа во разни акции, така да јас бев подговтвена за овој карантин“ изјави Цеца.
Синоќа преку социјалните мрежи на темата се надоврза и ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ која исто така е пејачака.
Очигледно поттикната од гостувањето на нејзината мајка на ТВ Пинк, каде за првпат после многу години се отвори темата за апсењето на Цеца, Анастасија пред своите многубројни фанови откри што и се случувало во раното детство.
“Замислете, имате 4 години и четири пушки ви се вперени во главата додека отворате очи наутро и се будите. Ќе ги замолам квази политичарите да не се изјаснуваат околу тоа како нивните деца патат поради некои наслови во медиумите.
Бидејки јас, на свои четири години неможев ниту да стигнам да видам било какви наслови, туку само четири пушки вперени во мојата слепоочница! Мислам дека ова беше доволно за да бидам апсолутно истраумирана. Мислам дека вашите деца прошле сосема добро.
А нашите последици од голготата која ја пројдовме, тоа не е важно нели? Тоа што не изиграваме жртви и не се вадевме на големо на силство кое го доживеавме на четири и шест години, е значи дека не се случило. Срам да ви е!”
За потсетување, Анастасија имала 4 години, а Вељко 6 кога нивната мајка беше уапсена во својот дом и помина одреден период во притвор но и куќен притвор.