(ФОТО) Тргна работата – во Грција поставени првите лежалки со заштита

0

Во изминатото деноноќие во Грција се регистрирани само шест нови случаи на Ковид-19, а починаа уште две лица, соопшти попладнево претставникот на експертскиот тим во борбата против новиот коронавирус при Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас.

Во текот на неделава закажани се два состаноци, во рамките на Светската здравствена организација и на Европскиот самит, а во врска со отворањето на границите, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој рече дека ќе мора заеднички, во рамките на регионот, да се носат одлуките, бидејќи залудна би била добрата стратегија на државата ако се отворат границите и без контрола почнат да се пуштаат патници.

„Утре е закажан состанок на СЗО токму за нашиот регион, а во среда Европскиот самит има дискусија за таканаречена ‘излезна стратегија’. Една од темите на двата состаноци ќе биде токму отворањето на границите. Зборував со моите колеги од регионот, грчкиот колега ме извести за отворање на границите во јуни, во мај тоа нема да се случи. Затоа, околу патувањата може да се зборува само после координацијата со соседните земји“, рече Филипче.

На грчкиот остров Санторини се поставени првите лежалки со заштитен плексиглас од двете страни за да се обезбеди подобра заштита за време на пандемијата на коронавирус.

Покрај тоа, корисниците ќе имаат на располагање пешкири за еднократна употреба и средства за дезинфекција, како дел од нивната кабина од плексиглас.

Лежалките ги постави познатиот Чарли Чашин, сопственик на монденскиот хотел „Suites of Gods“ во Санторини, кој прв почна со поставување лежалки заштитени со плексиглас на плажата Периса.

„Видовме дека прават нешто слично во странство и затоа дојдовме до идеја тоа да го поставиме на Санторини, со цел нашите гости да се чувствуваат безбедно и сигурно додека престојуваат на плажа“, рече тој во интервјуто за „Прото тема“.

Чарли истакна дека лежалките ќе бидат поставени на растојание од 4 метри, а плексигласот треба да ги покрие само левата и десната страна.

Исто така, гостите во хотелот кои користат лежалки ќе имаат на располагање средства за дезинфекција и пешкири за еднократна употреба.

Претходна статијаКаракачанов: Време ли е заедно да го чествуваме Гоце Делчев во Баница
Следна статија(ВИДЕО) Се појави снимка неколку моменти по падот на хеликоптерот на МВР: Херојска реакција на пожарникарите