Пред дестина дена информиравем за осумдесет и пет годишната прилепчанка Елена Макалоска која, наjверојатно, е најстариот пациент кој се излекувал од COVID-19 ги направи среќни и им даде голем мотив за работа на медицинскиот персонал на Инфективното одделение во Прилеп.
Откако нејзината фотографија со дел од медицинскиот тим на одделението осамна на социјалните мрежи и порталите, создаде нова надеж во битката со COVID-19.
Доктор Мирјана Крстеска од прилепското Инфективно одделение телефонски ни ја раскажа битката на 85-годишната прилепчанка која ја водела со смртоносната зараза. Особно зашто Макалоска пред 21 ден била примена во многу тешка состојба – со пневмонија и слабокрвна. Првите 10 дена многу тешко одело лекувањето.
-Пред 21 ден беше примена. Беше во исклучително лоша состојба, со слаба крв, тешкотии во дишењето, со тешка пневмонија. Процесот на нејзиното лекување течеше бавно за разлика од некои помлади пациенти. Првите десет дена имавме една терапија која кај други оди вообичаено, но кај неа одеше бавно, немаше подобрувања.
Доби друга антибиотска терапија со поширок спектар. Дадовме и антикоагулантна терапија која, исто така, многу помогна. Поради слабокрвноста, на два наврати дадовме крв, се разбира, во консултација со интернистите. И тоа помогна за пациентката да живне, на некој начин, раскажува Крстеска.
Сега од соседна Бугарија пристига информација дека 92-годишен пациент успеа да се избори со коронавирусот и беше отпуштен од Одделот за инфективни болести при Воената медицинска академија во Бугарија.
Ова го објавија медицинските лица на официјалната страница на Фејсбук на здравствената установа.
Лекарите забележуваат дека дедо Тодор има исклучително силен дух и, покрај тоа, е вклучен во статистиката на еден од најстарите пациенти во Европа кој бил подложен на овој вирус.
„Денес, пациент со силен дух си заминува дома! Горди сме што му помогнавме на 92-годишниот дедо Тодор да го надмине Ковид-19, што го прави еден од најстарите пациенти во Европа што беше подложен на вирусот“, пишуваат медицинските лица од Воената медицинска академија.