Докторот Бранимир за Корона вирусот: До крајот на овој месец се ќе заврши

0

Во изолација заборавивме на некои нормални животни навики, како што беше слободната прошетка или пиењето кафе во ресторан.

За српските граѓани минатата недела се отворија фризерските салони и теретаните кои луѓето масовно ги посетија, како би се потсетиле на нормалниот живот. За претстојнава недела најавено е отварање на кафулињата, но како ќе изгледа тоа, никој не е сигурен.

Сепак ако се суди според некои кафулиња во Белград, кои Блиц ги контактирал, се чини дека тамошните граѓани нема скоро да имаат прилика да уживаат во утринското кафе во кафуле.

Не сме решиле дали ќе отвориме на 4 мај. Не сме почнале со подготовки. Многу работи треба да се подготват, а нешто не се исплаќа да се работи под овие нови мерки – изјавале за Блиц од едно кафуле.

Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ ја изненади јавноста на едно гостување на емисијата Фокус со констатацијата дека комунистичките земји гладуваа, поради што сега има многу помал морталитет на исток отколку на запад.

„Мојот дедо гладуваше и ја има преминато Албанија и тоа ме направи денес отпорен на некои болести“, рече Несторовиќ.

Несторовиќ предвиде дека епидемијата ќе заврши за сите, освен за медицинските лица и дека очекува уште 40 лица во Србија да го загубат животот.

Спомна тема што, како што вели, никој не ја пишува.

„Само погледнете ја линијата што го одделува светот во Берлин, источно см ртноста е многу помала, а на западот е катастрофа. Во сите овие комунистички земји, луѓето често гладуваа, додека на запад беа опустошени од тој вишок храна, но лошата храна “, вели Несторовиќ.

Несторовиќ исто така рече дека вирусот се слабее и дека според „неговиот модел“ нема да има непредвидени настани во врска со коронавирусот.

„До крајот на мај се ќе заврши и тоа е, би било големо изненадување да се види нешто да се случи во јуни“, заврши Несторовиќ.

Инаку, од понеделник во Србија е најавено масовно тестирање на дури 7.000 семејства.

Претходна статија(ВИДЕО) Исплива доказ: Ким Џонг – УН навистина имал операција
Следна статијаЈоци: Веќе 40 години, ја не сум видела некој да вее ,,кутлеши” во моја близина