Доктор Лазаров до Љупчо Златев: Повели на бесплатен гинеколошки преглед, си немал искуство со мене

0

Новинарот Љупчо Златев на својот профил на Фејсбук напиша статус во кој го спомна докторот Ненад Лазаров, а во истиот се вели:

Имам впечаток дека најлошите доктори се најекспонирани во јавноста. Пример оној Ненад Лазаров. Дечкото е матичен доктор, не е епидемиолог или инфектолог а во јавноста изиграва главен експерт за Covid-19.

Лазаров нема никаква научна и практична експертиза на темата а уште малку од фрижидер ќе ни излезе со препораки и глупости…

Па ги критикува народот, однесувањето, справувањето со кризата, се он знае а никој друг ништо. Немаат ли етички кодекс лекарите да не си се мешаат во сектори во кои немаат специјалност?

Зошто има кривични пријави за надри лекари, а нема за овие квази специјалисти?

Има ли во државава лекарска комора да им каже на “експертите” без диплома во областа дека создаваат параноја кај граѓаните? Има ли некој да им каже дека лекарската професија се практикува во ординации… клиники… а не на фејсбук!

Како дојдовме до ситуација некои кои специјализирале и со години работеле со вируси и инфекции во јавноста да бидат занемарени на сметка на некои кои работеле нешто сосем друго?

На ова должен не му остана докторот Ненад Лазаров кој исто така на фејсбук напиша коментар за Љупчо Златев:

Љупчо Златев ме пишувал каков доктор сум.

Повели на бесплатен гинеколошки преглед, си немал искуство со мене, па после коментирај.

Претходна статијаФилипче доби ново прашање поврзано со изборите, на што одговори: Пред нас е еден мирен период
Следна статијаИталија се соочува со голем недостаток на сезонци, меѓу нив и Македонците