Денес ширум Македонија се слави 1. мај иако сме 10. мај – излетничките места преполни

0

Како што е добро познато, Македонија два месеци наназад е под посебни мерки и полициски час поради пандемијата со корона вирусот. Движењето на граѓаните е ограничено, поради што празниците Велигден и 1. мај се поминаа дома, во кругот на потесното семејство.

Во меѓувреме, мерките попуштија, а се очекуваше и дополнително да бидат олабавени, но до тоа не дојде откако повторно скокна бројот на нови заразени со корона вирусот.

Сепак, се чини дека вчера и денес, овие нови податоци не ги спречија многумина да ги искористат сончевото и топло време, како и полицискиот час кој почнува дури од 19 часот и да излезат во природа на пикник.

Голем број излетнички места ширум нашата држава денес беа полни со луѓе кои излегоа на пикник, ги разгореа скарите и го оладија пивото, па многумина се шегуваат дека денес одложено го слават 1. мај.

Социјалните мрежи се преполни со фотографии од групирани луѓе на кои се гледа дека не се почитуваат мерките, не се држи растојание, има по повеќе до пет лица, без маски.

Бадијала сите препораки и мерки од надлежните, кога самата совест не проработува кај луѓето. Точно е, знаеме дека на сите ни здодеа дома, пивото и скарата и тоа како ни недостигаат, греота е да се пропушти овој убав ден, но.

Луѓе, па дај резберете, короната нема да исчезне магично, таа е тука и се уште е активна а и бројките се зголемуваат. Значи далеку од готова е работата.

Со ова денес, за десетина дена нема да биде изненадување ако повторно одеднаш скокне бројот на нови дијагностицирани.

Кога веќе не можеме да се воздржиме, барем да се почитуваат мерките. Ако веќе сте излегле во природа на пикник, имате и повеќе од доволно пространство да држите дистанца, да не се групирате повеќе од 5 луѓе, па ако веќе не можете во крајни услови ставете и маска.

Зарем немате грам совест и не помислувате на сите медицински лица кои работата деноноќно изминатиот период, за МВР и АРМ кои се на терен, за касиерките во маркетите, за вработените во пекарите и производствените погони за храна.

И потоа сте сакале мерки како во Шведска, сето тоа убаво ама ние сме далеку од Швеѓани. Како велат постарите, дај му прст, а тој цела рака ќе ти земе. Епа драги наши соиграѓани, така е и со нас.

Автор. С.С.

Претходна статијаВанковска: Никој жив не знае да ми објасни кој ѓавол го тераше Грујо да се зафати со таа „реформа“
Следна статијаМакедонските музичари се жалат: Најголемиот број немаме никаква заштеда, егзистенцијално загрозени