Ана Симоново во групата Кочани протестира за чист воздух утрово сподели пост во кој напиша:
Сограѓани, книгите од македонската историја кои беа дадени на рециклирање се наоѓаат во Пејпер Мил, дел од нив како што разбравме се рециклирани, а другиот дел ќе пробаме денес да ги земеме. Зошто се дадени на рециклирање, а не во некоја библиотека останува нејасно. За толку голема количина на книги верувам дека некој ќе се изјасни.
Она што нас не засега покрај нашата историја е отпадот од Италија кој требало да пристигне минатиот месец во Пејпер Мил, а за кој истите не требало да платат ниту денар, туку само да го пречекаат отпадот со тони од Италија.
За среќа или наша несреќа од пандемијата корона не пристигнал. Остануваат нејасни прашањата:Зарем Италија нема фабрики за рециклирање картон? Кој е толку дарежлив и каков всушност вистински е тој отпад кој требало да стигне во Пејпер Мил??? Колку време работи оваа фабрика со ваков увозен отпад???
Кој стои зад оваа фабрика која туку така прима “безопасен” отпад од Италија??? Секако ова планираме медиумски да го покриеме.Бараме од одговорните во фабриката да се изјаснат во врска отпадот, а исто така и книгите кои се рециклираат. Како и на кој начин се примени истите и од кого?
Некаде околу пладне имаше свој нов пост во кој вели:
Еве и најнова информација за книгите, по разговор со директорот од Бугарија за да бидат дадени книгите од Историјата на Македонија истиот ми одговори дека нема право да ги даде затоа што тоа се нови откупени книги по 15 ден за кг и има договор со тој што ги откупил во овој случај печатницата Европа 92′.
Примерок не е можно да се земе, а одговор можеби ќе се добие од тој што ги продал книгите. Истиот има дозвола да даде примерок само со писмен документ од тој што ги продал. Значи книгите се откупени и ќе се РЕЦИКЛИРААТ, најверојатно бидејќи не се отпечатени правилно и директорот не е запознаен зошто.
Разговарав во врска отпадот од Италија на хартија, тој се изјасни дека немаат дозвола за увоз на хартија од Италија и дека таа е еден од најголемите рециклатори на хартија која не извезува. Тогаш дали станува збор за некој друг вид на отпад не знам. Ова е крајниот резултат за книгите.
Овој случај со книгите ме заинтригира уште на почеток затоа се ангажирав да го истражам за да не размислуваме погрешно и да се полниме со бес и гнев дека некој ја “пали” историјата.Нашата цел како Здружение е да заклучиме дека се рециклирани и продадени за рециклирање, понатамошен правен лек во врска книгите ќе си преземат институциите кои ги интересира оваа проблематика. Зошто, како и кој?