Жена на 37 години од Демир Капија низ плач: Ве молам помогнете ми, ги имам и сите симптоми на Ковид 19

0

Ве молам помогнете ми, Министерство за здравство, епидемиолози, било кој… Имам 37 години, хронично сум болна, дијабет, асма, висок притисок, а ги имам и сите симптоми на Ковид 19.

Моите родители се позитивни на вирусот и се сместени на лекување во болницата во Велес, а мене нема кој да ме однесе да ми се земе брис – вака низ плач, во телефонски разговор за ,,Фокус,, појаснува К.В. од Демир Капија, која веќе неколку дена безуспешно барала превоз до Центар за јавно здравје, каде би можела да биде тестирана.

Нејзините родители се првите случаи на корона вирус во Демир Капија и беа регистрирани пред четири дена. Жената појаснува дека и покрај тоа што имала низа на сиптоми и воопшто не се чувствува добро, и било кажано да остане во домашна самоизолација и дека ќе биде тестирана денес.

Но, немала сопствен превоз, а никој не сакал да и понуди помош, плашејќи се од потенцијална зараза.

-Во петокот беа тестирани моите две деца, баба ми и брат ми. Два од резултатите стигнаа, негативни се, но два резултати се чекаат уште.

Помеѓу нив е и резултатот на мојата десетгодишна ќерка која веќе 15 дена е со температура, навистина не знам што да правам и каде да се обратам.

Се јавив кај матичната лекарка во Демир Капија, од таму не сакаа да дојдат… Такси возило нема шанси да се нафати да ме однесе на тестирање.

Сите креваат раменици, јас барам помош од било каде, само да се заврши целата агонија, бидејќи ми е многу лошо и стравувам за мојот живот, спаѓам во ризичните групи – вели К.Д.

Таа апелира до Министерството за здравство да го разгледа случајот што е можно побргу, да биде тестирана денес, но исто прашува и за резултатот од брисот на нејзината ќерка, зошто не е готов, бидејќи не можела да добие одговор, а девојчето имало температура со денови.

-Се јавував кај градоначалникот на Демир Капија, кај лекари, насекаде… Кој ќе ме однесе на тестирање? Со семејството минуваме низ страшен период, се чувствуваме како да сме оставени сами на себе – липајќи објаснува демиркапијката.

Целата сторија проследете ја на Фокус.мк

Претходна статијаОливер Спасовски се потсети на најмрачниот ден: Тоа беше акција од лидерите на тогашната владеачка партија
Следна статијаДиректорката на Инфективна во Скопје, Стевановиќ: За жал во скоро време не е на повид ни вакцина