Лекарите во Италија вложиле натчовечка сила во изминатите недели за да им помогнат на голем број на луѓе заразени со коронавирус. Тие користеле респиратори за лекување на најтешките случаи, што не биле доволни заради пандемијата, додека набавката на нови е многу тешка поради големата побарувачка во светот.
Сепак, во тешки времиња човек мора да размислува брзо бидејќи секоја минута значи еден живот спасен. За да им помогнат на што поголем број пациенти, докторите дошле со идеја да ја претворат нуркачката маска во медицински вентилатор, пишува српска „Политика“.
Повеќе пати, медиумите објавувиле дека на лекарите во северна Италија им било кажано дека на пациентите под 60 години им била дадена предност да бидат лекувани со респиратори и вентилатори затоа што имаат поверојатни шанси да преживеат, што значи дека постарите пациенти имаат значително помала шанса за закрепнување.
Сепак, за да спасат што е можно повеќе луѓе, медицинските лица почнале да користат маски за нуркање, кои со додавање на специјален вентил што ги направи 3D печатење, ги претвориле во медицински вентилатори.
Италијанците дошле први до оваа идеја, а нивниот изум го копираат лекарите низ цела Европа за да можат пациентите да добијат свеж воздух без пречки, со што се спречува белите дробови да престанат да работат, пренесува „Сан“.
Една римјанка морала да плати казна од 400 евра зашто била затекната на улица во период кога цела Италија е во карантин. На 60-годишната жена не ѝ помогнало ни тоа што на полицијата ѝ рекла дека „морала да излезе да го прошета домашното милениче – желка“.
На Италијанците им требаат оправдани причини за да излезат на улица во екот на пандемијата што од февруари официјално одзеде над 20.000 животи во медитеранската земја. Прошетката на вашето куче се смета за доволно оправдана причина да го напуштите домот.
Очигледно изнесувањето на вашата желка – не е оправдана причина.Римската полиција соопшти дека „60-годишната жена беше фатена надвор од нејзиниот дом без оправдана причина за тоа“ и беше казнета.
Италијанците се шегуваат на социјалните медиуми дека ги изнајмуваат своите кучиња на секој што полудува дома и му треба добар изговор за да излезе.
Портпаролот на италијанската полиција рече дека желката била „голема колку пица“, но не носела поводник.Полицијата напиша рекорден број казни во понеделникот, кој е дел од празнувањето Велигден.
За време на 252.114-те контроли, полицијата напишала 16.545 казни за непочитување на забраната за движење.Во недела, на самиот Велигден, биле напишани 13.756 казни.