Воен авион слета во Скопје: Уште една држава донесе помош во Македонија

0

Помош од 100.000 заштитни маски и 5.000 илјади заштитни скафандери за Македонија стигнаа со специјален воен карго авион од Унгарија. Нив лично ги донесе унгарскиот министерот за надворешни работи и трговија, Петар Сијарто, кој на аеродромот беше пречекан од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

„Северна Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени потреби, покажаа навистина несебична солидарност од страна на Република Унгарија,“ изјави Османи, упатувајќи лична благодарност до Министерот Петар Сијарто за севкупната поддршка на Република Унгарија за земјава.

Со со специјален лет беше доставена хуманитарна помош во вредност од 110.000 евра од страна на Словенија во нашата држава.

Со тоа, Словенија во духот на меѓусебна солидарност се одзва на барањето на Северна Македонија, за хуманитарна помош преку механизмот на Европска Унија во рамки на цивилната заштита со цел спречување на ширење на болеста КОВИД 19, се вели во официјалната информација на МО на Словенија.

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички теста.

Донацијата им беше предадена на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и на заменик-началникот на Генералштабот, Азим Нуредин, од страна на амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок.

„Во овие тешки времиња кога светот е соочен со исклучително тежок предизвик за јавното здравје и справување со последиците од пандемијата на Ковид-19, подавањето рака меѓу земјите дава надеж дека заедно побргу ќе бидат надминати. Високо ја цениме и сме благодарни за несебичната поддршка со медицинска и заштитна опрема што денес ни пристигна од пријателска Турција“, рече Димитров.

Милион заштитни маски има земјава како донација од Чешката Република.

Тие вчета пристигнаа во Македонија. Донацијата на аеродромот ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој се заблагодари на владата на Чешка и чешкиот народ.

Османи вели дека донација не само што ќе помогне за поефикасно и поуспешно земјава да се справи со КОВИД 19, туку е и симбол на европската солидарност.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров исто така се заблагодари и рече дека на мака се познаваат пријателите.

„Денеска сме особено благодарни на уште една ЕУ и НАТО земја членка, нашиот пријател и сојузник – Чешката Република, за несебично споделената опрема од еден милион медицински заштитни маски. Во мака се познаваат пријателите“, кажа Димитров.

Претходна статијаДобри вести за дедо Славче од Велес – македонскиот народ покажа голема хуманост
Следна статијаСашо Тасевски: Има предлог или план за 14 дневен целосен карантин на сите вас – неофицијално