Пристигнаа нови информации за Куманово: Од ДСЗИ забележани бројни неправилности

0

Венко Филипче, министерот за здравство, заедно со директорката на ДСЗИ , Иринка Сотирова-Бухова информираа за најновата состојба во врска со короанвирусот.

инистерот Филипче нагласи дека има 126 оздравени , што е најголем број досега и речиси сите биле на домашно лекување.

Директорката Сотирова-Бухова наведе дека членовите на Кризниот штаб во Куманово направиле два прекршока , затоа што тестовите на коронавирус ги пријавилњ како скрининг и не им бил земен брис во здравствена установа. Освен тоа не била направена епидемиолошка анализа на лицата. Поради ова ќе следува соодветен поднесок.

Во направениот увид во болницата во Куманово биле утврдени неколку пропусти , како налози за патување кои се нејасни и лице , кое имало упат за во Инфективна клиника , а не заминале во Скопје.

На членовите од Кризниот штаб во Куманово им биле земани брисеви заведени како скрининг, со што е прекршен Законот за заштита на населението од заразни болести, а прекршок има и што брисеви се земани во просториите на Општина Куманово.

Како што појасни директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова – Бухова, брисеви биле земани на 26 март и на 12 април. И двата пати не била спроведена епидемиолошка анкета, а епидемиологот кој го спровел тестирањето во изјавата рекла дека спровела скринин. Бухова појасни дека тестирање и скрининг не може да се спроведе без дозвола од министерот за здравство.

На првиот скрининг биле тестирани 28 челнови на Кризниот штаб, при што сите тестови биле негативни, а вториот пат биле тестирани 38 лица, при што петмина биле позитивини.

Д-р Сотирова – Бухова појасни дека просториите на Општината се сосема несоодветни за земање брисеви, со што уште еднаш е направен прекршок во овој случај.

Инаку, со тестирањето се утврди дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е заболен од ковид-19, како и еден член задолжен за ЦУК.

Бидејќи другиот ден по добивањето на резултатите тие остварија средба со премиерот, министерот за здравстви и други високи членови на владата тие можраше да бидат ставени во самоизолација.

Претходна статијаЕден од најмоќните луѓе во светот не сака повеќе да држи прес-конференции за Корона вирусот
Следна статијаДржавата ќе го казнува Максим Димитриевски: Познато со колкава парична санкција со соочува