Голем број луѓе во затворен простор: Споредбено високиот ризик од инфекција со коронавирусот во авионите ги принуди германските авиокомпании да разработат нови идеи – вклучително и обврска за носење на заштитна маска.
Германскиот сектор за патнички авионски сообраќај планира да ги натера патниците во авионите да носат заштитни маски поради пандемијата на коронавирусот.
„При влегувањето во авионот, за времетраењето на летот и при излегувањето треба да се внимава секој патник да носи заштитна маска“, се вели во предлог-концептот , кој го објавија весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) и новинската агенција ДПА. Тој содржи повеќе од 20 точки и е усогласен од раководствата на германските авиокомпании и аеродромите.
„Постои соодветна обврска на патникот да носи со себе носи заштитна маска и да ја кориси“, се вели во една од предложените регулативи.
Специјалните мерки „во интерес на здравствената заштита“ треба да стапат во сила уште пред патниците да стигнат до аеродромот. Така тие треба уште при онлајн-чекирањето да потврдат дека се здрави, и посебно дека не се заразени со коронавирусот.
Една од најпознатите авио-компании, „Emirates“, прва почна да ја практикува таа пракса. Често се прашуваме како ќе изгледаат патувањата по пандемијата коронавирус, но авио-компанијата „Emirates“, со седиште во Дубаи, почна со тестирање на патниците пред истите да влезат во авионот.
Според соопштението на авио-компанијата, првите брзи тестирања на Ковид-19 започнале во средата, на меѓународниот аеродром во Дубаи, а патниците на летот за Тунис биле тестирани пред полетувањето на авионот.
Тестовите ги спровела здравствената управа во Дубаи на Терминал 3, а резултатите биле достапни во рок од 10 минути.
Од компанијата тврдат дека тие се првата светска авио-компанија која што спровела такви тестови.
„Работиме на плановите да да ја зголемиме можноста за тестирање во иднина и истата да ја прошириме и на другите летови“ – изјавил Адел ал Реџа, главниот оперативен директор на компанијата.
„Ова ќе ни овозможи да спроведеме брзи тестови на лице место и да им дадеме потврда на патниците дека можат да патуваат во други земји“ – заклучил тој.