(ВИДЕО) Зоран Заев открива како ја поминува самоизолацијата и како му тече еден ден дома

0

Министерот за здравство, Венко Филипче пред неколку дена го потврди негативниот тест на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Порача дека ќе биде во изолација уште една недела, со оглед на тоа што поминала една недела од контактот со заразениот новинар од Канал 5.

– Во однос на двајцата лидери, сите оние кои имале контакт со нив со оглед дека тестовите се негативни, не се во никаков ризик и не треба да се тестираат и да се изолираат, рече Филипче.

За коментарите за брзината на тестовите што беа направени, Филипче рече дека не станувало збор за политички приоритети, туку поради тоа што имаат интензивни контакти.

По ова на социјалните мрежи се огласи екс премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев кој напиша:

Сакам да ве информирам дека резултатот од извршениот тест за КОВИД-19 е негативен!Согласно утврдените протоколи останувам во самоизолација онолку колку што е потребно.

Им благодарам на граѓаните, на сите, за поддршката што денеска стигнуваше од целата држава, но и од странство. На уредникот на Канал 5 Гоце Михајлоски му посакувам брзо закрепнување, нему и на неговото семејство.

Воедно упатувам силна поддршка до новинарите и медиумските работници кои во овој период се изложени на ризик вршејќи ја својата работа за навремено и точно информирање на јавноста што е од огромно значење.

Граѓаните, сите ние мора да ги почитуваме мерките и задолженијата. Да седиме дома, да ја зголемиме личната хигиена и да ги намалиме физичките контакти. Само така оваа закана ќе ја пребродиме и полесно и побрзо. Зависи од сите нас. Чувајте се и следете ги препораките.

Денес во разговор преку видео повик Зоран Заев даде кратко интервју за Канал 5 во кое откри како го поминува денот во самоизолација.

„Жалам што дојде до вакви ригорозни мерки, нашиот народ доволно не се придржуваше. Сакам да ги уверам сите дека тоа е решението и мора да почитуваме. Државата постои за граѓаните, но апелирам да ги почитуваат институции“, изјави Заев и додаде:

„Во работен ден сум постојано онлине во комуникација, пред се до 16 часот а потоа олабавува мојот ангажман, тогаш некоја книга секојпат е пред мене. Знам да изгледам касно во денот и некој филм, а секако да бидат и со децата и сопругата дома.“

 

Претходна статијаПредраг Џелевски е првиот излекуван од Корона кој донираше крвна плазма во соседна Србија
Следна статијаПрофесорот Игор објаснува зошто мора да седиме дома ако не сакаме десет пати повеќе заболени