(ВИДЕО) Во центарот на Подгорица ечеше големиот македонски хит – Македонско девојче

0

Здравствените власти во Црна Гора соопштија дека за точно еден месец откако беше потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус во земјата се регистрирани 303 случаи на Ковид-19, и пет починати.

Шефот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Сенад Беѓиќ вели властите ги слушале здравствените власти, а ригорозните мерки се воведени уште пред да се појави првиот случај.

Според него, црногорскиот начин на борба со вирусот е специфичен поради малиот број население и културните особености.

„Црногорците сакаат многу да слават и жалат – ние идентификувавме најмалку три или четири погреби кои биле епидемиолошки клучни настани за ширење на заразата кога мерките се уште не биле воведени“, изјави Бегиќ.

Тој додаде дека погребите и семејните собири се главните начини на ширење на заразата во Црна Гора и дека осудата била проблемот со кој црногорските епидемиолози се соочиле на почетокот на епидемијата.

Во Црна Гора во изминатите 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирус, а досега се потврдени 303 случаи.

Од вчера до денес се тестирани 31 лице, од кои сите негативни.Во Црна Гора се хоспитализирани 34 пациенти со Ковид-19. Излекувани се 55 лица.

Состојбата предизвикана од коронавирусот е причина за воведување полициски час и во Црна Гора. Но, тоа не ги спречи жителите на Подгорица да се забавуваат од своите тераси, a испратија и убав поздрав до своите пријатели во Македонија.

На видеото објавено на Фејсбук се слуша како цел кварт ја пее „Македонско девојче“,

Послушајте, браћо Македонци‼️"Дали има н' овој бели свет поубаво девојче од Македонче?" певао је пре 15 минута читав кварт у Подгорици – Црна Гора за време полицијског часа!❤️❤️❤️ Захваљујемо господину #ВладимирВуковић који нам је послао овај снимак‼️

Публикувахте от Василка Китановиќ в Неделя, 19 април 2020 г.

„Послушајте браќа Македонци!! Дали има на овој бели свет поубаво девојче од Македонче?“ пред 15 минути пееше цел кварт во Подгорица – Црна Гора за време на полицискиот час“ стои во описот на видеото.

Претходна статијаПрва држава која јавно откри како се бираат луѓето кои ќе бидат ставени на респиратори
Следна статијаФилипче понеделнички сподели добри вести – Голем број оздравени и многу мал број нови случаи со Корона