-Следниот викенд исто така ќе има рестриктивна мерка и за време на велигденските празници, затоа што пикот на епидемијата го очекуваме на крајот на месец април. Дури после тоа ќе биде разговарано дали ќе има промени во мерките за викендите што следуваат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на информативна видеосесија на тема Сѐ за коронавирусот” со министерот за здравство Венко Филипче, заменикот министер за здравство, д-р Арменд Арслани и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје, д-р Жарко Караџовски и д-р Владимир Микиќ.
Министерот додаде дека по укинувањето на рестриктивните мерки повеќе никаде нема да биде исто.
„Ние правиме наши автентични модели како ќе се организира работата во сите економски оператори – фирми, ресторани… спред спецификата на дејноста, фреквенцијата и начинот на движење на луѓе и сето тоа ќе биде на сила тогаш кога ќе кажеме дека овие мерки веќе може да престанат да важат или барем постепено укинување, во смисла на ублажување таму каде што мислиме дека треба во одредени дејности, во одредени региони“, рече Филипче.
Епидемиологот од Институтот за јавно здравје, д-р Жарко Караџовски, истакна дека не е хумано, ни коректно, ниту епидемиолошки издржано барањето на Општина Охрид да се забрани влез и излез за жители од други градови.
Во изминатиот период бевме сведочи како во Италија, Кина, Шпанија и други држави ТВ екипи влегуваа во болниците каде што се лечат најтешко болните од Корона вирусот.
Пред неколку дена во соседна Србија се емитуваше снимка од посета на една ТВ во инфективната клиника во Белград. Сега се појавија и први снимки од внатрешноста на Инфективната клиника во Скопје, а се дел од најавата на емисијата Код на Телма ТВ.
,,Кажи мајче, кажи душо. Добро, добро. Ајде. Водичка? Еве водичка ќе ти наполнам”, вака медицинска сестра и се обрати на постара пациентка заболена од Ковид 19 на Инфективната клиника.
Ова е само еден сегмент од 24 часовно дежурство на вработените на Инфективната клиника. Има околу 70 пациенти од кои осум се со потешка форма, приклучени на респиратори. Секојдневно стигнуваат нови пациенти, а клиниката се уште има капацитет да ги прими
Амбулантна кола од прилеп дојде додека снимавме. Повозрасна жена која беше во стабилна состојба помина низ таканаречениот тријажен центар за да стаса до својата болничка соба. Ако на почетокот оваа розова зграда беше местото каде ги сместуваа првите пациенти сега пациенти има и во останатите делови на клиниката.
Поделени според тоа дали се на интензивна нега, респираторни машини, кислородна поддршка или се на одделенијата доколку се со полесна форма на Корона вирусот.
Доктор Билјана Петревска е специјалист инфектолог. Работи токму во амбулантатата каде се проценува кој пациент за кој оддел е.
-Јас сум од почеток на ситуацијата, со првите пациенти примени. Тријажата се врши при преглед во амбулатна состојба и врз основа на тоа се проценува состојбата на пациентот.
Тешките се праќаат на интензивна нега, а останатите на другите клинички оддели. Болеста има енигми ама се трудиме да се информираме од студии во држави каде веќе има стражувања. За сите е релативно нова болест, вели др Петревска.
Целата емисија КОД ќе може да ја проследите на ТВ Телма.