Научниците пронаоѓаат сѐ повеќе докази дека коронавирусот се шири од страна на, навидум, здрави луѓе кои не покажуваат симптоми, а владата на САД објави ново упатство со предупредување дека секој кој бил изложен на болеста може да се смета за преносител.
Студија на научници од Сингапур е последната која проценува дека некаде околу 10% од новите инфекции би можеле да се предизвикани од луѓе кои го носат вирусот, но се уште не доживеале грипни симптоми.
Во одговор на таа и други студии, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја смени дефиницијата за ризикот од инфекција. Новите упатства сега се однесуваат на луѓе кои немаат симптоми но биле изложени или во контакт со други луѓе кои го имале или се сомнителни на коронавирусот. Во суштина се вели дека секој може да биде преносител, без разлика дали има симптоми или не.
Откритијата ги комплицираат напорите да се стави под контрола пандемијата и да се засили важноста на социјалното дистанцирање и другите мерки кои треба да го спречат ширењето, велат научниците.
„Треба да бидете навистина проактивни за намалување на контактите меѓу луѓе кои делуваат целосно здрави“, вели Лорин Ансел Мајерс, истражувач на коронавирусот од Универзитетот во Тексас.
Наставникот во основно училиште во британскиот градот Гримсби, Зејн Пауелс дојде до уникатно решение, за неговите ученици и натаму да можат да добијат бесплатни училишни оброци за време на пандемијата на коронавирус.
Имено, Пауелс пашачи по осум километри секој ден, носејќи ранци полни со храна и домашни работи за најмалку 78 ученици. Ранци тежат повеќе од 18 килограми, но наставникот вели дека ништо не е тешко за благосостојбата на децата. Храната ја остава на прагот, тропа на вратата и потоа чека подалеку додека не биде сигурен дека семејството ја презело пратката.
“Семејствата се благодарни за овој гест. Родителите и децата излегуваат низ прозорец и ме поздравуваат, а некои дури сакаат да разговараат со мене. Понекогаш мислам дека сум единствената возрасна личност со која можат да зборуваат деновиве”, изјави Паулс.
Инаку, многу од стоте деца кои добиваат бесплатна храна, спаѓаат во ранлива група на деца, кои можеби многу често оброкот во училиштето е единствениот кој го имаат.