(ВИДЕО) Денес во Скопје слета авион кој донесе помош за Македонија

0

Денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје министерот Чулев ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.

,,Имајќи го во предвид моментот во која таа доаѓаистата е од исклучително значење за нас. Во оваа прилика сакам пред се во мое, и во име на Министерството за внатрешни работи да се заблагодарам на словенечкиот премиер Јанез Јанша и нашите пријатели од Словенија.

Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот,,- истакна министерот Чулев.

Чест ми е што сме прва земја членка на Европската Унија и НАТО што дава билатерална донација за полициските службеници и задоволството од овој факт е навистина големо, истакна амбасадорот на Република Словенија Д-р Милан Јазбец.

Министерството за внатрешни работи останува посветено во процесот, првенствено за соодветна контрола на спроведување на мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, а потоа и во обезбедување на соодветна заштитна опрема за своите вработени, се со цел соодветна превенција од пандемијата со која се соочуваме, додаде Чулев.

Александар Николоски на својот фејсбук профил се заблагодари на Словенија за помошта испратена денеска.

Огромна благодарност за нашите пријатели од Словенија!

Огромна благодарност за нашите пријатели од Словенија! ВМРО-ДПМНЕ и од опозиција помага на Македонија! СДС Словенија…

Публикувахте от Aleksandar Nikoloski в Петък, 3 април 2020 г.

ВМРО-ДПМНЕ и од опозиција помага на Македонија! СДС Словенија е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, а Јанез Јанша наш голем пријател. Оваа помош е резултат на разговорот помеѓу Јанша и Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во кој беше побарано од Јанша да и помогне на Македонија. Вака се сака и вака и се помага на Македонија!

Претходна статија(ФОТО) Заловена нова рисица во Маврово – доби интересно име
Следна статијаМакедонскиот инфектолог кој го разбранува регионот со своите ставови најави кога би можело да заврши епидемијата