Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот.
Тој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот.
Резултатот на Христијан Мицкоски, кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот.
Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети за неговите контакти. Резултатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со оглед на тоа што тој синоќа веќе беше заминат за Струмица, ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по добивање на информациите е ставен во домашна изолација.
Новинарот е во стабилна здравствена состојба и во моментов е на лекување во болницата „8 Септември“. Во текот на утрото и денот ќе се направат епидемиолошки анкети со неговите контаки за да се утврди точниот наод и бројка на лицата, кои евентуално би оделе во самоизолација.
За сите овие информации, како и за резултатот од тестот на претседателот Зоран Заев, ќе известиме на следната прес конференција во текот на денот и тогаш ќе одговориме на сите прашања.
Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот. Веднаш по добивањето на резултатите ќе одржам прес конференција да ги соопштам деталите, како и да информирам за состојбата и актуелните прашања со коронавирусот во земјата.
Во однос на редовната дневна статистика, потврдени се 48 нови случаи на Ковид 19 во изминатото деноноќие. Со ова вкупно во земјата се 711 дијагностицирани пациенти. Новодијагностицираните се по градови:
– Скопје – 11, Куманово – 25, Штип – 1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид – 1, Гостивар – 2
Во текот на изминатото деноноќие имавме и рекорден број на тестови, точно 496.Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.
Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно по чинати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем.
Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и по чинатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој информиравме во текот на вчерашниот ден.
Венко Филипче пред неколку моменти вторпат денес се огласи на прес-конференција и откри дали екс премиерот и актуелен лидер на СДСМ, Зоран Заев има Корона вирус.
„Пред половина час пристигна резултатот.Тестот на Зоразн Заев е негативен“, изјави Венко Филипче.