Како што е познато по информација дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој заввчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствуваше и Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, е позитивен на Ковид-19, министерот Филипче од вчера е во домашна изолација.
За време на состанокот, министерот Филипче ги почитуваше сите протоколи за заштита и носеше соодветна заштитна опрема, исто како и останатите присутни.
Во текот на денот епидемиолозите од Институтот за јавно здравје ќе направат епидемиолошки анкети со министерот Филипче и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување Филипче ќе остане во изолација.
Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а министерот Филипче и од изолација останува во редовна комуникација со Комисијата за заразни болести.
Министерот за здравство, Венко Филипче на синоќешната прес конференција рече дека не биле инфромирани дека дел од членовите на Кризниот штаб на Куманово, вклучително и градоначалникот, чекале резулатите за корона вирус.
-Ние немавме информации дека на дел од Кризниот штаб им биле земени брисеви и се чекаат резултати. Да го знаевме тоа, поинаку ќе постапевме.
Сепак, знаејќи дека одиме во таков регион, сите носевме маски. А, зошто не сме биле известени, одговорот треба да го барате од присутните таму, рече Филипче.
Навистина апелриам до граѓаните, овој празник може да се помине дома, ова е инвестицијата во здравјето. Сакаме да избегнеме нов пик за 14.
Апелирам да се почитуваат мерките и да се ограничат социјалните контакти. Влегуваме во најкритичната фаза во борбата со Корона вирусот. Ве молам поминете го празникот дома.
Денес Филипче се огласи на социјалните мрежи и испрати порака:
Секој што седи дома, секој од вас е херој. Не заборавајте – токму вие давате значаен придонес во борбата со коронавирусот, кој го смени животот на милиони луѓе ширум светот. Знаеме дека не е лесно. Ви благодариме.
Секој што седи дома, секој од вас е херој. Не заборавајте – токму вие давате значаен придонес во борбата со…
Публикувахте от Венко Филипче в Петък, 17 април 2020 г.