Министерството за здравство утрово информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 312, Куманово – 200, Дебар – 49, Штип-27, Прилеп –72, Тетово – 33, Струга – 43, Велес – 30, Битола –9 Охрид –4, Кавадарци – 3,Гостивар –8 ,Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 21 Пробиштип – 1
Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Преку ИЈЗ – 300, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.
Во „8 септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.
Денес во 14 часот, започна во живо прес конференцијата со наслов „КОВИД-19, на тема како ја менаџираме здравствената криза, ефектите од мерките и како понатаму?
На овие теми, денес разговараа министерот Венко Филипче, заменик-министерот за здравство, Арменд Арслани и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје, д-р Жарко Караџовски и д-р Владимир Микиќ.
Министерот за здравство, Венко Филипче од водителката доби прашање кој е неговиот најголем страв во овој период од кризата, на што тој одговори:
Ние засега одлично се носиме со кризата. Таканаречената ,,крива” успеваме да ја држиме во форма во која посакуваме. Нашите здравствени капацитети се исполнети само околу 20 до 30 проценти.
Нашиот најголем страв во моментов, па и порано е токму тоа, да не ни се појавт огромен број на заразени пациенти кои би го преполниле здравствениот капацитет, нешто што се случи во Италија и Шпанија. Токму поради тоа се и сите овие мерки.
Мерките кои се сега актуелни, ќе продолжат и следниот, Велигденски викенд. За викендите потоа, дали мерките ќе попуштат, ќе размислиме после една недела, а одлуката че зависи од моменталната состојба.
Жарко Караџовски истакна дека пикот се очекува кон крајот на овој месец и се очекува бројот на заразени да се удвои, односно тој да изнесува како во првичните проценки, меѓу 1500 и две илјади.