Важно соопштение за сите што се со виза во Германија – важи и за Македонците

0

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер ја критикуваше Германија за затворање на границата кон Луксембург во период на пандемија на коронавирус.

Јункер, во интервју за германскиот весник „Велт“, рече дека не е добро што Германија ги затвори границите кон земја како што е Луксембург, во која секој ден 200.000 Германци патуваат на работа.

Тој изрази несогласување со тоа што „земјите кои први го потпишаа Шенгенскиот договор пред 25 години, преку ноќ дојдоа на идејата дека затворањето на границата е доволно за да се соочат со големиот предизвик“.

Јункер истакна дека здравствената заштита, особено во однос на епидемијата, мора во иднина да биде во надлежност на ЕУ.

– Европската комисија, како и во другите области, мора да добие право на иницијатива во однос на здравствената заштита. Знам дека ова бара промена на договорот во ЕУ, но поради сегашното искуство тоа е неопходно, рече Јункер.

Германија оваа година ќе биде во рецесија од 4,2 проценти, а економијата ќе мине најлошо во второто тримесечје.

За второто тримесечје се предвидува дека бруто домашниот производ ќе падне за дури 9,8 проценти.Се очекува дека најмоќната европска економија следната година ќе падне за 5,8 проценти, но од ниска база.

Странските државјани кои престојувале во Германија за работа или туризам нема да бидат казнети ако им истече визата.

Сите странци кои ја посетиле Германија поради работа или туризам и не биле во можност да ја напуштат земјата поради преземените мерки за борба против коронавирусот, нема да бидат казнети поради истекот на визата, пренесува Агенцијата Анадолија.

Во соопштението на германското министерство за внатрешни работи се вели дека странските државјани нема да бидат казнети за истекување на работната или туристичката виза до 30 јуни.

Беше истакнато и дека одлуката повторно ќе се разгледува по 30 јуни.

Претходна статијаДоктор Лазаров: Влада, за заштита на матични лекари немате ниту еден денар да дадете, а за МПЦ и ИВЗ имате
Следна статијаСе поголеми и основани се сомнежите дека Корона вирусот можеби од поодамна бил веќе во Македонија