Ванковска: Не се виновни ни Владата ни верските организации, туку – верниците

0

Со одлука која официјално ја објави на 8. месецов Владата во Службен весник ќе оддели 122.000 евра за МПЦ и ИВЗ, или поконкретно 73.000 евра за Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и 49.000 евра за Факултетот за исламски науки.

Иако за овие точки Владата пред подолг временски период дискутирала на седница, сепак стапуваат на сила по последниве изјави и закани кои деновиве ги изнесе поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи дека ќе ги суспендира мерките за собири поради коронавирусот за верниците да не се собираат во храмовите доколку не ја добие финансиската помош.

Сепак дел од познавачите на проблематиката велат дека не гледаат поврзаност на одлуката на Владата и заканите на поглаваро. Сепак апелираат верските лидери да внимаваат на вокабуларот кој го користат.

Изјавата на Реизот на ИВЗ, Сулејман Реџепи дека ќе ги суспендира мерките за собири на верниците доколку Владата не им помогне финансиски пак деновиве ја разбранува јавноста но и институциите. Тој во изјава за медиумите потсети дека си го бараат својот дел, но и писмено ќе ја потсетат Владата.

„Јас го побарав нашиот дел, Владата да биде внимателна што прави, имаме повратен одговор во кој се вели дека барањето е прифатено и дека е испратено на разгледување во секторот за финансии на Министерство за економија.

Ќе ги потсетам малку поинаку, со писмо, затоа што не дај Боже ние да ги суспендираме одлуките, нема сила што ќе може да се бори против епидемијата, ви гарантирам, тогаш тука ќе стане Бангладеш“ – рече Сулејман Реџепи.

Професорката Билјана Ванковска се огласи за цела оваа ситуација:

Не знам зошто се чудите што владата потклекнала пред уцените на двете верски заедници и наместо да ги санкционира како сите смртници, таа ги наградува… Па, во оваа држава се’ е на верска основа: што дал Господ/Алах… Нема ни С од секуларност!

И она малку што беше создадено низ минатите генерации е уништено, а ново не е создадено. Купи ден, продај! Се’ е запустено.

Притоа, не се виновни ни Владата ни верските организации, туку – верниците! Во оваа земја, според статистиката, има 90% верници… Тие им даваат легитимитет и на ваквите верски лидери и политичари. Па, ако на верниците ова им е во ред, да ги третираат како жив ѕид/оружје/биолошка закана – тогаш навистина си заслужуваме и ваква држава, и вакво здравство, школство, итн.

Не знам зошто се чудите што владата потклекнала пред уцените на двете верски заедници и наместо да ги санкционира како…

Публикувахте от Biljana Vankovska в Петък, 10 април 2020 г.

За овие пари што им ги дадоа очекувам да издејствуваат протекција/заштита кај Горниот (како и да се вика) – или да откријат вакцина за вирусот… Зошто Македонија е на врвот по смртноста од вирусот во регионот…

Претходна статијаДоктор Ненад Лазаров: Имам потреба да споделам искуство, до колегите
Следна статијаПрва реакција на Зоран Заев откако дозна дека е негативен на Корона вирусот: Им благодарам на граѓаните, на сите, за поддршката