Две европски држави најавија полека враќање во нормала по Корона

0

Норвешка, која воведе полуизолација, успеа да го стави „под контрола“ ширењето на корона вирусот на својата територија, соопшти денеска владата, која нема да ги ублажи преземените мерки.

Стапката на бројот на заразени од секој еден пациент, падна под еден, на 0,7, во однос на 2,5 пред воведувањето мерки за борба против пандемијата на корона вирусот.

„Тоа значи дека ја ставивме епидемијата под контрола“, рече норвешкиот министер за здравство Бент Гое, на прес-конференција.

За да го спречи ширењето на вирусот, Норвешка го ограничи движењето, ги затвори јавните места како што се кафулињата, салите за вежбање и фризерските салони и ги забрани спортските и културните настани.

Сепак, дозволени се шетање на отворено и џогирање, а повеќето продавници се отворени. Ова подобрување не подразбира укинување на мерките донесени од владата на 12 март.

„Денес успеваме да го контролираме ширењето на вирусот и сакаме да ја зачуваме таа контрола во иднина“, додаде норвешкиот министер.

Според најновите бројки на норвешките здравствени власти, во оваа земја има 5.755 заразени лица и 59 по чинати.

„Останува уште многу да се направи“, рече директорката на Норвешкиот институт за јавно здравје, Камила Столтенберг.

По Австрија, и Данска планира да отвори дел од објектите кои беа привремено затворени поради пандемијата на Ковид 19.

Данска планира од 15 април да ги отвори дневните центри и основните училишта за ученици од прво до петто одделение доколку бројот на починати и заразени од коронавирусот остане стабилен, изјави данската премиерка Мете Фердериксен.

Таа соопшти пред новинарите дека таквата мерка веројатно ќе биде слична на “одење по јаже” и дека чекорите мора да се прават дел по дел.

Веројатно ќе биде како да одиме по јаже. Ако застанеме со движење, би можеле да паднеме, а истото може да се случи и ако се движиме многу брзо. Затоа, мора да одиме чекор по чекор, рече Фредериксен.

Данската премиерка упати и апел до Данците да се придржуваат кон препораките на Владата за одржување на социјалната дистанца и неопходната хигиена.

Во Данска досега беа пријавени 187 см ртни случаи како последица од Ковид-19.

Претходна статијаДокторката Љиљана од Скопје: За примитивни племиња како нас што велат „докторите везе немаат” мора вака
Следна статијаНашата соседна држава со добри вести: Најмалку нови случаи на дневна основа