Универзитет од Сингапур со прогноза кога Корона вирусот би го снемало во Македонија

0

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби по чина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Сингапурскиот универзитет за технологија и дизајн предвидува дека епидемијата на корона вирус во Македонија ќе заврши на 16 јуни оваа година, јавува „360 степени“.

Во анализата спроведена во глобални рамки, нивната иновативна Лабораторија за проучување податоци проектира дека ковид-19 на светско ниво ќе биде актуелен најдоцна до 1 декември 2020 година, по што се очекува да стивне.

На веб-страницата на Универзитетот се прикажани проекции за голем број држави. Тие се базирани на математички модел наречен SIR (сомнителен-заразен-закрепнат) кој, според истражувачите, дава континуирана и предвидлива насока за развојот на заразата.

Шефот на оваа лабораторија на Сингапурскиот универзитет, професорот Џуангси Луо, вели дека преку востановениот модел за процесирање на податоците може да се процени кривата на животниот циклус на пандемијата и да се предв

Претходна статијаЌе видиме ли летово одмор на море – пристигаат најави од Хрватска, Малта, Италија и Грција
Следна статијаМаксим Димитриевски јавно објави од кој висок функционер на СДСМ е длабоко разочаран