Скопјанецот Иван се излечи од Корона: Последниот месец е еден од нејтешките периоди од мојот живот и засекогаш ќе го паметам

0

Скопјанецот Иван Стефановски кој беше меѓу првите заболени Макдонци од Корона вирусот кој јавно преку социјалните мрежи ја сподели веста сега повторно се обрати, но со убави вести:

Конечно и за мене позитивни вести, пред малку ми се јави докторката Бајрами од ЦЈЗ Скопје, на која сум и многу благодарен, дека и вториот брис земен на 18.04, ден пред Велгиден, е НЕГАТИВЕН исто како и тој од пред неколку дена…

Тоа значи дека утре ќе си одам дома и ќе си ја видам фамилијата за прв пат после 16-ти Март. Овој период од месец и неколку дена засекогаш ќе ги паметам и со сигурност можам да кажам дека е еден од нејтешките периоди од мојот живот, не толку поради самата болест, колку поради осаменоста и неможноста да бидам со моите најблиски.


Сакам да ви се заблагодарам на сите вас кои во овие тешки моменти за мене и за мојата фамилија ни пруживте помош на мене и на моите дома кои исто така беа во самоизолација.

Не сакам да набројувам за да не пропуштам некого, но верувајте вечно ќе ја паметам вашата добрина и кога тогаш ќе ви се оддолжам. Од носење на храна и лекови, до телефонски разговор и понуда за помош, СМС-вибер-месинџер порака, поздрав испратен преку моите итн итн…

Значајно е во моменти кога физички си осамен да знаеш дека има луѓе те сакаат, мислат на тебе и сакаат да ти помогнат, без вас уште потешко ќе го пребродев овој период…

Простете ако не сум одговорил на некоја порака или телефонски повик, верувајте особено тие денови откога јавно објавив дека сум заразен, добивав безброј пораки и телефонски повици и можно е некого да сум го пропуштил.

Да не заборавам да ги поздравам и соседите од зградава во која јас инаку не живеам и скоро никого не познавам, кои исто така ми се понудија за помош.

Имаше и многумина кои ја виделе мојата објава на фејсбук, а кои лично не ги познавам, кои ми даваа поддрша и ми понудија помош, ви благодарам и на вас добри луѓе. Господ да дарува здравје и спокој кај сите.

Дај Боже лудилово што побрзо да заврши и да се вратиме на нормалните работи кои го сочинуваат животот, и се надевам дека од оваа ситуација сите ќе извлечеме по некоја поука, а особено дека најважно во животот е здравјето, семејството, пријателите. Се друго доаѓа и си заминува, само вистинските вредности остануваат.

Да сте ми живи и здрави. Да ни е жива и долговечна мајка

Македонија

ПС: Нека и е среќен роденденот на внуката Јована

Претходна статијаВо иднина при летање со авион поради корона вирусот би можело да се воведе голема новина
Следна статијаСела повторно се огласи: Не се согласуваме со дел од мерките