Симона Арсовска: Нашиот живот запре овие две години, живееме крајно скромен живот, не сме виделе кафана, не сме виделе кафич ниту забава

0

Како што е познато од денес се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Дополнително, За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Овие мерки многумина тешко ги прифатија и со негодување, па Симона Арсовска реши на својот профил на „Фејсбук“ да напише низ што поминувала таа и нејзиното семејство две години.

Скоро цела бременост во кревет дома, во една положба. Јадење со лежење, мочање у лопата по болници!!! Зборувај ми за изолација.

Две недели без да ја видам ќерката ни мажот ни никој на ПИН во кревет. Ни тв ни ништо!!! Ќерка ми плачеше по тел ми викаше мамо те сакам дојди си. Зборувај ми за изолација.

Два месеци дома, сами јас и Мартин без бебиња. Не ти се дише бре, не постоиш. Рана толкава од царски рез а немаш бебиња дома два месеци!!! Ти викаат молзи се а од грутка во грло не дишеш!!! Зборувај ми за изолација.

Две недели со бебе на детска клиника, бебе во инкубатор и јас. Толку… во 4 ѕида, не одиш на мочање зашо може да откорне игла од главата ако не го видиш и пак да го боцкаат со саати. Зборувај ми за изолација.

Четири месеци дома со едно бебе додека другото се мачи да преживее на киника. Четири месеци мајка и татко без бебе да го бацат, да го гушнат, да го допрат!!! Зборувај ми за изолација.

Уште две операции со Ведран по болници, цели две години бегање од луѓе и гужви. Две години единствен дом ни е природата, ни игротека не видел, ни детски родендени видел, единствено друштво семејството најблиско, се заради неговите кревки бели дробови, чудно дишење и борба да создаде имунитет.Зборувај ми за изолација.

Две години мајка и татко живееме без едно дете. Дупка во срцата. Две години живееме без пријателите кои не напуштија зошто не разбраа низ што минуваме.

Не постоиме зошто нашиот живот запре овие две години додека нивниот продолжи.Зборувај ми за изолација.

Две години не работам, дете чувам, цртам чаши од дома, мажот ми се труди од едно место на друго место да заработи и да го толерираат од работа заради сите отсуства што ги прави заради прегледи. Две години живееме крајно скромен живот, не сме виделе кафана, не сме виделе кафич ниту забава!!!! Зборувај ми за изолација.

Тешко ви е да сте дома сите заедно, кратко, вонредно, покрај семејствата и најмилите дури да помине лудилово а Јебала ве вас изолација сите до еден!!!!!!

Претходна статијаКинезите открија нешто фрапантно – 80 проценти се заразиле од асимптоматски случаи
Следна статијаМаска на иднината: Ќе чини 30 евра а ќе може да се употреби 100 пати