Сашо Тасевски: Се научиле да сатанизираат све живо што зборува онака како што не им одговара

0

Статус на Сашо Тасевски:

Новиот тоталитаризам го гледам во новоформираните агенции и невладини за борба против лажни вести. Таква цура од таква агенција гледав сега во емисијата на Попетрески. Со отворен потсмев и цинизам кон се што не доаѓа како вест од официјален извор на моќ.

Не мислам тука на тезите за 5 џи дека ќе ни го сварат мозокот, ниту за тоа дека вонземјаните се меѓу нас, дека Дејвид Ајк претерува во многу нешта. Со тоа немам проблем, нека се потсмева.

Но, да се потсмеваш генерално на сите таканаречени теоретичари на заговор, тоа е или тенденциозно или имбецилно.

Оти заговорите се ДнК и погонско гориво на историјата и цивилизацијата. Банка да сакаш да ограбиш треба да направиш заговор со барем уште двајца со истата намера. А што станува со многу покрупни амбиции и намери на корпорациите или државите.

А бе токмаци, нема да постојат тајни служби ако не постојат заговори. Нема да има ниту тајни друштва и тајни состаноци да не постојат заговори.

Што е убиството на Кенеди, на Алдо Моро, на Садат, на Рабин, нападот на Перл Харбур, рушењето на кулите во Њујорк, ако не заговор. Зарем Горбачов со перестројката не беше жртва на заговор. Денг Ксијаопинг тоа го сфати со Тиенанмен и не се даде, но Горбачов нафрка.

Што е распадот на Југославија ако не резултат на заговор кој се реализирал десетина години, чекор по чекор. Зошто е Асанж во затвор знаете? Зашто ви го откри грдото лице на моќните. Ви ги откри нивните заговори против слободата. Што е денес обидот да се дестабилизира Европа со мигранти, ако не заговор. Чист заговор.

Затоа, едно е да паламудиш за мртви врапчиња напнат дека решаваш голем заговор, но сосема друго е сериозно да им пристапиш на море од факти и да влечеш паралели и заклучоци.

Ете зошто нејќам кога лигави говеда, кои добиваат пари од центри за моќ за борба со наводни лажни вести, се потсмеваат со многу сериозни луѓе кои сакаат да ви ја кажат вистината.

Се научиле да сатанизираат све живо што зборува онака како што не им одговара. Тоа се фашисти и лудаци а не оние ко Асанж или Естулин.

Претходна статијаФилипче и Спасовски со најави кога ќе започне да се враќа животот во нормала: После бурата доаѓа сонце
Следна статијаДокторот Андреа: Граѓаните се лутат – се играме со Бога