Сашо Тасевски прашува: Ќе се најде ли некој банкар од мајка роден

0

Статус на Сашо Тасевски:

Ќе се најде ли некој банкар од мајка роден во оваа попедер… пардон, посеверчена држава, кој ќе излезе во јавност со вакво искрено соопштение:

Драги наши клиенти, крави музари. Ве молземе цел живот, ве дереме ко јарци, ве бричиме на суво, на нос ви го вадиме секој кредит што ви го даваме и многу сме ви благодарни за вашата трпеливост.

Но ете чукна часот и ние да ви се најдеме, да ви вратиме за добрината во ова време невреме. Па за таа цел, живејте шест месеци без да ве цицаме.

Ни камати ни рати за кредити ви бараме. Може тоа ќе ме осиромаши за три милиони евра по месец, мене и моите педе… пардон, другарчиња од Усраниот… пардон, од Управниот одбор, ама нема проблем, имам уште триста милиони во една кипарска банка, кај колега.

Затоа, бидете ми живи и здрави, оти такви ни требате, за да можеме пак да ве еб… молземе де.

Претходно, Сашо Тасевски во друг статус напиша:

Не постои криза во која банките на профитирале. Запамтете го ова. Банките со душа чекаат, војни, разорни земјотреси, цунами, пандемии.

Еден газда на банка ко би се откажал на неколку месеци од вашите камати за ратите од кредитите, месечно би губел преку милион евра.

Затоа ова што го прават во време на криза кога се умира брзо и секојдневно, кога луѓето се без пари, а тие пресметуваат камати, според неморалот и злобата може да се изедначи со педофилија. Затоа извлечете ги вашите заштеди во банките. Наместо тие пари, оро нека вртат.

Претходна статијаПрофесор Каров смирува – Луѓето во Македонија не треба да бидат загрижени за едно нешто
Следна статија(ФОТО) Заловена нова рисица во Маврово – доби интересно име