Пристигна важна вест за сите што поседуваат бугарски пасоши – вклучувајќи ги и Македонците

0

Во последните десет години вкупно 29.428 македонски граѓани земале италијанско државјанство. Околу 14 илјади тоа го сториле во последните три години, од кои рекордни 6,771 во 2016 година.

По Италија, омилена земја за македонските граѓани биле Швајцарија и Германија каде во последните 10 години се иселиле по 16.935 и 9.333 граѓани.

Во статистиката на Евростат се наведува и податокот дека во 2008 година најголем број државјанства македонските граѓани земале во Бугарија – 3.637, по што нагло се намалува статистичкиот број и се движи од 400 до 200 граѓани

Бугарските лични документи истечени меѓу 13 и 31 октомври 2020 година поради пандемијата со короан вирусот ќе ги признаат 11 држави.

Станува збор за Австрија, Велика Британија, Грција, Ирска, Катар, Норвешка, Словачка, Турција, Франција, Хрватска, Чешка, јавува бугарското Министерство за надворешни работи.

Други 7 земји во моментов ги признаваат со посебни услови истечените бугарските документи – Словенија, Португалија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Иран, Индонезија и Нигерија.

Словенија ќе ги признае за валидни документите кои истекуваат до крајот на јули 2020 година. Португалија ќе ги признае како валидни сите лични документи кои истекуваат од 1 март до 30 јуни 2020 година.

Црна Гора ќе ги смета за валидни документите на сите граѓани присутни на територијата на Црна Гора во моментот на прогласената вонредна состојба. Босна и Херцеговина им овозможува на странските државјани, кои не ја напуштиле земјата заради мерките СОВИД-19 и чии документи истекле или истекуваат, да го продолжат својот престој во земјата.

Поради ситуацијата со коронавирусот, Иран автоматски ги продолжи визите на сите странски државјани на територијата на земјата за 3 месеци. Индонезија и Нигерија изразиле подготвеност да им помогнат на бугарските државјани кои сакаат да се вратат дома.

Бугарските државјани со истечени лични документи кои се во земја што не ги признава, можат да се вратат во Бугарија со привремен пасош издаден од бугарската конзуларна служба.

Оние бугарски државјани кои немаат можност да се вратат и имаат итна и оправдана потреба да ги обноват своите истечени лични документи, можат да аплицираат за обновување со претходно регистрирање на час во бугарска конзуларна служба, пренесува Трибуна.

Претходна статијаВо „Идризово“ намерно качуваат температура со стар трик – јадат жив компир
Следна статијаМожно ли е Заев или Мицкоски да му го пренеле вирусот на новинарот?