Предраг Џелевски е првиот излекуван од Корона кој донираше крвна плазма во соседна Србија

0

Светските научници, во недостаток на вакцина, бараат алтернативни решенија кои би ја ублажиле пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во повеќе болници ширум светот се експериментира со препаратот Азитромицин, популарен како Сумамед, за кој се смета дека би можел да помогне во лекувањето.

Вакцината е дванаесет до осумнаесет месеци далеку од нас. Најновите сознанија на лекарите и научниците се дека од голема помош би можела да биде крвна плазма веќе од излекуван пациент.

Во последно време актуелна тема стана начинот на лекување на заболени од Корона со крвна плазма од веќе излекувани пациенти.

Предраг Џелевски од Глогоња кај Панчево е првиот граѓанин од соседна Србија, кој после оздравувањето од Корона донираше крвна плазма. Како што истакнува Предраг, во изјава за српските медиуми, крвната плазма ја донирал во саботата на Институтот за трансфузиологија во Белград.

„Пред една седмица ме побараа, но прво бев да направам контрола дали можам да дадам крвна плазма. Потоа ми беше направен и третиот тест на корона кој се прави 21 ден по оздравувањето, за среќа беше негативен. По ова се договоривме во саботата кога е забрането движењето да донирам крвна плазма во Институтот.

Додава дека сето тоа потрајало околу еден час, период во кој давал крв која минувала низ апарат каде плазмата се одвојува од крвта, а потоа се враќа во неговиот крвоток.

Џелевски до сега доброволно дарувал крв 15 пати, а претходно бил организатор на крводарителска акција во Глогоња, па така ова не му било ништо необично, освен тоа што траело нешто подолго.

„Сите беа исклучиво љубезни, а во еден момент на телефон ми се јави и премиерката Ана Брнабиќ што пријатно ме изненади. Се заблагодари со оглед на тоа што од антителата од крвната плазма ќе се прави серум кој ќе помога на заболените“, вели Предраг.

Џелевски е во домашна изолација се уште, одредена му е 28 дена од излегувањето од болницата, па неколку пати поради донирањето на крвната плазма во Белград одел со службено возило и под полициски надзор.

За 15 дена ќе биде повторно во прилика да даде крвна плазма со оглед на тоа што такви се медицинските стандарди.

Претходна статијаБојко Борисов повторно со лекција за богатите газди во Бугарија кои сакаат да бркат работници
Следна статија(ВИДЕО) Зоран Заев открива како ја поминува самоизолацијата и како му тече еден ден дома